Новости

Психологија

Зошто „не ви оди добро во животот“ и зошто можеби немате среќа во љубовта – Психолошки тест

Веќе знаеме дека психолошките тестови користат визуелни и цртежи со цел да навлезат во длабочините на човечката психа и да го запознаат несвесното и потсвеста. Овој психолошки тест ќе ви открие какви сте во љубовните врски.

Првото нешто што го гледате на илустрацијата открива зошто „не ви оди добро во животот“ и зошто можеби немате среќа во љубовта.

Врзан човек

Ако најпрво забележите маж врзан меѓу две дрвја, најголемата слабост во вашите врски е делот од вашата личност што е на работ да започне конфликт. Ова не значи дека сте во постојан или буквален конфликт со околината.

Вие всушност водите битка во себе, а за да најдете вечна љубов и мир со друга личност, мора да најдете љубов во себе. Затоа што ако не се сакаме себе, како ќе ги сакаме другите? Борете се да се прифатите себеси и вашите силни и слаби страни.

Ограда

Ако прво ја забележите оградата, држете се подалеку од остатокот од светот. Не сте подготвени да ризикувате и да го отворите срцето во еден миг. На овој начин ја пропуштате можноста за вистинска љубов. Природно е да постои желба да се заштитите, особено ако има претходни лоши искуства.Но, ако не ризикувате, не можете да победите.

Чамец

Ако сте забележале чамец и гнездо полно со јајца – тоа значи дека вашите стандарди се високи и дека ретко, речиси никој не може да ги исполни. Склоноста кон совршенство води до осаменост. Винамавајте на тоа.

Череп

Ако прво го забележите черепот, полни сте со вознемирени мисли и грижи на сите можни полиња. Пожелна е умерена доза на претпазливост. Не претерувајте со прашања и одговори. Никогаш нема во целост да го разбериме тоа,, зошто”. Движете се полека на начин што ќе ги средите мислите.

Евротип
SNBROKER
To Top