Новости

Психологија

Има ли вашата врска иднина? -10 прашања што треба да си ги поставите!

Д-р Левендовски е психолог кој како и останатите колеги од неговата област зборува за љубовната врска. Поконкретно, тој открива 10 прашања кои треба да си ги поставите доколку не знаете што понатаму, не знаете каква одлука да донесите и дали вашата врска има иднина или не!

1. Дали вашиот партнер ве прави подобра личност?

2.Дали го прифаќате вашиот партнер таков каков што е и не се обидувате да го промените?

3.Дали работите со вашиот партнер на тоа да донесувате одлуки што ве погодуваат и двајцата?

4. Дали вашиот партнер е и ваш најдобар пријател?

5. Дали ги споделувате истите ставови за семејниот живот, религијата и политиката со вашиот партнер?

6.Дали сте сексуално компатибилни со вашиот партнер?

7.Дали вашиот партнер го знае PIN-от на вашата кредитна картичка?

8.Дали се чувствувате слободни да разговарате за вашите чувства со вашиот партнер?

9.Дали вашите пријатели веруваат во иднината на вашата врска со вашиот сегашен партнер?

10.Дали ги решавате конфликтите со вашиот партнер без да користите навреди?

Сепак, докторот потсетува дека не мора одговорт на сите овие прашања да биде потврден, но повторува да ги имате на ум овие прашања кога и да почувствувате дека вашата врска се има ,,разнишано”. Проверете ги позитивните и негативните страни на одговорите и запрашајте се и конечно заклучете што е тоа што вие го сакате и барате во иднина и дали таа иднина воопшто го вклучува присуството на сегашниот партнер.

Евротип
Евротип
To Top