Новости

Психологија

Има пет фази во врската, а кој ќе ја преживее третата конечно ќе доживее вистинска љубов

 

Секоја личност ја доживува љубовта на различен начин, но кога таа ќе згасне и партнерите ќе раскинат, ретко кој може да ја каже вистинската причина зошто таа не траела подолго.

Психологот Џејд Дајмонд ги истражува односите помеѓу партнерите веќе 40 години. Има и такви кои навистина ја наоѓаат својата вистинска љубов со која остануваат до крајот на животот, но тој ги има воспоставено и петте фази од секоја врска низ кои се развива љубовта. Повеќето парови ја завршуваат врската во третата фаза. Еве како тој ги дефинира истите:

Заљубување

Хормоните на среќата го преплавуваат телото, партнерот гледа низ розови очила, додека недостатоците се заобиколуваат. На партнерот му се верува без размислување, па акцентот е ставен само на добрите работи во врската.

Станувате пар

Љубовта станува посилна, се раѓа заедничкиот живот. Поминувате се повеќе време со партнерот, па имате влијание на многу аспекти од неговиот живот. Врската станува посилна кога ќе дојдат децата. Се чувствувате заштитено и сакано.

Разочарување

Чувствата почнуваат да исчезнуваат, однесувањето на партнерот почнува да ве мачи, ги забележувате сите ситници на кои досега не сте обрнувале внимание. Ви треба простор, почнувате да се сомневате. Почнувате да се преиспитувате и анализирате себеси.

Вистинска љубов

Одлуката да се борите за љубов води до оваа фаза. Тогаш го прифаќате партнерот онаков каков што навистина е. Почнувате да ги разбирате неговите недостатоци и тие престануваат да ви пречат. Сомнежите исчезнуваат и врската станува посилна.

Знаете дека вашата врска е „вистинската“

Фаза на длабока, силна и искрена поврзаност. Ја разбирате смислата на вашата врска и почнувате да уживате во заедничкиот живот. Се што правите заедно почнува да ве исполнува со позитивна енергија, имате чувство дека сте едно. Знаете дека вашиот партнер е вашата сродна душа со која сакате да го поминете животот.

Извор: Zadovoljna.rs

Евротип
SNBROKER
To Top