Истражувањата докажуваат: Дождот може да предизвика позитивни емоции, а не депресија

Иако го расипува расположението, има свои предности. Еве зошто ни е добро дождливото време:
Секој го знае чувството кога врне, па вие само сакате да се ,,привнете” под ќебето, удибно да се сместите и да спиете. Има логично објаснување за ова.
Поетски опишано, може да се каже дека дождот ,,свири лесна приспивна песна” која го смирува вашиот ум и го опушта телото.
Иако дождливото време може да биде депресивно, за некои луѓе или конкретно за оние кои патат од депресија и анксиозност, дождливото време им одговара затоа што не стигнуваат до точка да доживеат „напад“ на депресија и анксиозност.
Така е и со луѓето кои се импулсивни и нервозни. Таквите луѓе често спомнуваат дека сакаат дожд, а причината е што дождот ги смирува и опушта. Ако размислите малку подобро, навистина има смисла.
Сончевото и убаво време ве тера да преземете акција, да одите на прошетка или да трчате во природа, да вежбате на отворено и сите други видови на продуктивност.
Од друга страна, дождот има предвидлива шема, така што звукот на дождот што доаѓа однадвор го наведува нашиот мозок да го сфати како смирувачки и безопасен шум. Затоа има толку многу видеа и аудио снимки за релаксација и медитација кои го содржат звукот на дождот.
Додека врне, луѓето немаат желба да излегуваат, но затоа во затворен простор го прават она што најмногу им се допаѓа. Звукот на дождот е смирувачки, па затоа е полесно да се чита книга, да се учи или да се опуштите во топла бања.
Покрај тоа, повеќето луѓе мирисот на дожд го поврзуваат со позитивни мисли и спомени од минатото. Тој интензивен и суптилен мирис што го исполнува воздухот враќа во времето кога сте биле безбедни.
Затоа, со звукот на следниот дожд, обидете се да се опуштите што е можно повеќе, заборавете на депресивното време и уживајте.
