Новости

Психологија

…И се започна од Кардашијан! – Родители свестете се со што се занимаваат нашите деца!

Јутјубери, тиктокери, блогери, инстаграмџии… Родители време ли е да се свестиме?

Што учат децата и до каде можат да одат на социјалните мрежи? Има ли лимит и знаете ли дека често истиот се прескокнува, додека вие пиете кафе, а тие се во својата соба?

И патем, што е хумор? Знаат ли денешниве деца што е вистински хумор? Имаат ли поента нивните видеа и нивните, ако можеме да ги наречеме шеги? Во секоја приказна мора да има еден помошник, противник. Да има дејствие кое нели, ќе кулминира, а потоа ќе се расплети и ќе се заклучи нешто од сето тоа.

Која е поентата?! Имаат ли младите поента?! Имаат ли смисла за хумор?

Интернет насилството, булингот, пцовките, критиките и севкупниот говор на омраза за нив е една голема шега. Но, нам…? Смешно ли ни е? Смешно ли ни е како влијае цел овој ,,маркетинг”? И што се рекламира овде? Што ќе научат децата? Како ќе ги развијат нивните емоции? До каде се? Ќе ги сфатат ли основните вредности?

Но, ајде сега да тргнеме и од нас. Сите сме слични. Ако во нивниот свет тие сакаат да бидат популарни или се експонираат со фотки и видеа на ,,you tube” канали, филтри, маскиран живот и било што, и ние во нашиот свет (оној кој изгледа без никакво право го нарекуваме светот на возрасните), го правиме истото само на поинаков начин. Тие си стануваат популарни на еден, а возрасните на друг начин.

Не знам што е ова лудило со тоа дека секој сака и претендира да биде популарен?!

Вас ве има во коментари, критки, клевети, пцовки. Вас ве има во покажување виртуелна сила и интернет ,,мускули”. Вас ве има во многу полошо издание, кое искрено и не е некој пример за младите генерации, кои btw имаат пристап до се од погоре кажаното.

Денес секој има пристап на интернет и интернетот не ти овизможува тест за интелегенција пред да се отвори одредена страна. Денес секој може да биде популарен, без разлика дали има било каков талент. Без разлика дали создал или открил нешто, патентирал производ или се качил на ,,Марс”.

Суптилното ,,билдање” на некое его, ги претера границите и сега сите толку многу убаво ја научија лекцијата за самодоверба, па оди симни ги од нивниот ,,Марс” да те видам!

Денес сите актери од Холивуд се достапни и денес вестите се шират со енормна брзина на светлината. А треба ли да се движат? А треба ли да се достапни? А мора ли сите да бидеме популарни?

…И се започна од Кардашијан…

Вредности? Култура? Бонтон? Добрина? Несебичност? Скромност? Сите се овие термини кои ги оставаме во минатото, а на светов му претстои веројатно голема анархија.

Од кога глупоста е шега? Некогаш интелектуалци го водеа орото, но сега платите им ги намалиле и се симнаа од заслужна функција. Со корупција, непотизам власт. Со поткуп, лаги, интриги и кражби. Со никогаш задоволен апетит за власт, моќ, надмоќ. За гранд при, оти малку им е прво место. На сите ни е јасно. На сите ни е очигледно. Но, што би превзеле? Ако не можеш да го промениш светот, пробај само со еден човек. Пробајте од вас самите!

Секојдневно ме скокотка темава и се чудам и навистина не ми е јасна потребата да напишете коментар, критика! И ај тоа да е конструктивна, воздржана, но… Се е сведено на ниски удари, љубоморни испади без никаков ,,Стоп” а од кога играме на таа карта? Интелектуалците веќе се и малоброен таргет во светската глобална публика.

И се… Се започна од Кардашијан!

Евротип
SNBROKER
To Top