Новости

Психологија

Неколку начини како да му помогнете на детето да изгради самодоверба

Да бидеш родител е најтешката работа во светот. Воспитувањето е процес во кој вие треба да изградите човек пред се. А што се подразбира под тоа човек? Совршенство не постои, но доколку се трудите, барем ќе знаете дека сте вложиле многу за тој да биде пристоен човек со манири, со позитивна мисла, несебичност и многу други крактеристики кои треба да се градат во текот на детството, меѓу кои би ја наброиле и самодовербата. Еве неколку начини како да им укажете на вашите деца дека треба да имаат висока самодоверба, но сепак да им објасните дека се си има своја граница и преминувањето на истата, би значело дека тоа дете ќе стане нарцисоидна и себична личност. Затоа внимавајте при пристапот.

Бидете добар пример

Децата ги емитираат своите родители, па затоа е важно да им покажете како да се однесуваат и тоа токму преку вашето однесување и вашиот пример.

Покажете издржливост и мотивација кога работите не одат според вашиот план и бидете сигурни во комуникацијата со други луѓе, не кријте се од одговорностите и новите предизвици. Вашите деца ќе ги интернализираат овие доблести, па големи се шансите тие да бидат исто толку сигурни како вас. Не се откажувајте и не покажувајте слабост пред нив.

Постојано работете на подигање на самодовербата на вашето дете

Дадете му дознаење дека тоа е вредна личност која треба да се почитува себе си, но во тој контекст при некои големи неуспеси или во раното детство при некои несташлуци и погрешни дејствувања, не го деградирајте како личност, насочувајќи го вниманието кон преголема расправија. Наместо тоа, укажете му дека греши и кажете му ги последиците околу грешките, а за добрите работи, секако пофалете го.

Едноставно, морате да се прилагодите на неговиот темперамент и природа на неговиот крактер

Сите луѓе сме различни, па така и децата. Ако се работи за премногу емотивно дете, немојте да бидете многу строги кон него, затоа што така само ќе постигнете обратен ефект. Откријте го начинот на кој ќе му пристапите за тоа најдобро да ја разбере лекцијата.

Внимавајте на односот

Никогаш ама никогаш немојте да му велите дека тоа се однесува како бебе или дека секогаш е неразумно. Така, само ќе направите од него човек со ниска самодоверба кој постојано ќе мисли дека нешто греши.

Дадете му дознаење за светот околу нив

Објаснете му дека е најважно е што тоа дете мисли за себе, а не што мислат другите. Но, сепак и при ваквото „учење“, не смеете да не ја поставите границата со што премногу ќе му го зголемите егото и ќе создадете еден нарцис. Научете го да прифати критика, но да знае и да сфати кога таа критика не е кажана и упатена добронамерно кон него.

Евротип
Евротип
To Top