Новости

Психологија

Кои се главните компоненти на високата емоционална интелигенција?

Фактот дека емоционалните вештини се исто толку важни колку и техничките вештини во голема мера се претвори во бизнис клише, но тоа не го прави помалку веренсамиот факт. Создавање на подобра стапица за глувци е бескорисна ако не можете да ги убедите другите во вредноста на вашата иновација и да го инспирирате тимот кој ќе ја претвори во реалност.

Но, додека сите ние можеме да се согласиме со највисока вредност на таканаречената емоционална интелигенција (ЕИ), колку од нас можат да дадат точна дефиниција на терминот?

Се разбира, сите знаеме како изгледа човек кој нема добро развиена емоционална интелигенција. Груби хулигани, антисоциални млади и арогантни менаџери се типични примери за луѓе кои страдаат од очигледен недостаток на социјални вештини. Како сепак може да ги опишеме оние кои достигнаваат високи нивоа на ЕИ?

Даниел Голман и Ричард Е. Бојацис се обидуваат да го направат токму тоа. Долги години, двајцата професори по организациска психологија работат на точната формулација на терминот емоционална интелигенција. Неодамна двојката сподели неколку материјали на блогот на Harvard Business Review во кои обидува да ги набројат основните компоненти на ЕИ.

Да бидете добар не е доволно!

Склони сме да мислиме дека луѓето со висок коефициент на емоционална интелигенција (ЕИ), се повеќе пријатни, љубезни и добри и дека со нив се работи полесно отколку со останатите.

Овие квалитети можат да бидат добра основа за градење на лидер, но човек може да ги поседува и да биде така неефикасен, поради тоа што е премногу мек и пасивен во заштитата на своите ставови и идеи или пак премногу кукавички настроен за да се прилагоди на оние кои имаат погрешни сфаќања.

“Кога се концентрираме само и исклучиво на работи како чувствителност, толерантност и разбирањето, пропуштаме критични елементи на емоционалната интелигенција, кои би можеле да не направат посилни и поефективни лидери”, забележуваат Голман и Бојацис.

Како изгледа целосната листа на социјални вештини? Според професорите, вистинската емоционална интелигенција е составена од 12 компоненти:емотивна самосвест

-емоционална самоконтрола

-прилагодливост

-ориентација кон резултати

-позитивно размислување

-емпатијата

-организациско познавање

-влијателност

-тренер и ментор

-управување со конфликти

-тимска работа

-инспиративно лидерство

“Само размислете во вашиот ум како се справувате со овие 12 компоненти и ќе дознаете во кои области имате потреба од развој”, пишуваат тие.

Во кои од овие 12 категории сте најсилни? А во кои сте најслаби?

Џесика Стилман

GOLD
To Top