Новости

Психологија

Колку нашиот дневен престој зборува за нашата личност?

Колку може да открие вашиот дом за вашата личност?
Начинот на кој ви е уреден домот , може да зборува многу за вас. На пример, доколку се ви е суредено под конец, вие не сте далеку од перфекционист или принципиелна личност која мрази доцнење, откажување на состаноци и неверства од страна на пријателите или саканите личности. Но, доколку се ви е совршено наместено до крајни граници, голема е веројатноста вие да имате проблем и да сте тешка особа што не и оди од рака при оформувањето на нови пријателства.


И она што го имате внатре, на пример во вашиот дневен престој каде обично ги пречекувате гостите, може да зборува односно да открие многу за вас. Многу често несвесно работите кои ги оставаме на виделина, може да зборува за нашите секојдневни аспирации. На пример на клуб масичката може да се најдат карти од театар или омилениот филм кој сте го гледале на кино, што зборува за вашиот вкус или можеби списание кое работи на конкретна тематика што очигледно ве интересира само вас.

Фотографиите имаст што да раскажат! Дали е тоа кон вашето семејство, што би кажало дека сте несебични, дали можеби на фотографиите се вашите пријатели и блиски или можеби би зборувале за нарцисоидноста која е очигледна во бројните рамки под кои не се крие само вашиот лик.


Дневниот престој може да зборува и дали сте носталгични по природа.

Носталгични или можеби немате ништо од тоа. Ако сте, таму би виделе фотографии од некои починати драги особи кои веројатно понекогаш несвесно сте ги ставиле токму тука. Тоа е така, затоа што во моментот ви требаат нивните ликови за да се чувствувате сигурно. Или можеби експонирате слики од некои луди забави во минатото, каде вие сте апсолутна спротивност од тогаш. Тие не сооддејствуваат ни со вас сега, нити со вашиот моментално уреден дом. Сте го промениле стилот, но можеби се каете штом толку очајно трагате кон минатото.


…И така изигравајќи Шерлок Хоумс, убаво би било да ве предупредиме дека и книгите кои ги оставате на вашите полици секако дека алудираат на вашите афинитети, аспирации, размислувања. Дали сте комплицирана личност, дали сте сложени, авантуристи или едноставни и не многу бучни особи кои уживаат во лесни љубовни приказни.

Уметничките слики зборуваат за вас, но не ретко е очигледно дека не знаете што точно сте купиле, туку само сте отишле до продавница и сте ја зеле, (а не сте ја одбрале) првата слика која ќе ја покрие само дупката на ѕидот. Уметник или некои кој сето тоа го одглумува?

Сепак, ова не мора да значи дека во целост би го откриле некој. Затоа што сепак, мораме да имаме во предвид дека се ова може да биде една голема камуфлирана приказна,а кои сте точно вие, може да зборува некоја друга просторија, не толку достапна за неочекувани, а и очекувани гости.

Понекогаш и не е се така како што изгледа. Но, зборуваме за несвесното нормално манифестирање на карактерот кој го нудите на тацна заедно со кафе и слатко за гостинот.

GOLD
To Top