Новости

Психологија

Конечно е докажано – Чувството на среќа е основната емоција што ја имаме кога сме на социјалните мрежи

Во последно време разгледувањето на новостите на социјалните мрежи, го сфаќаме како некоја рутина и дел од нашето секојдневие. Но, што всушност се случува со нашиот мозок?

Едно истражување на „Direct Media United Solutions“ за прв пат спроведува истрага за тоа како овие две социјални мрежи делуваат на нашиот мозок и кое е точно чувството кое го имаме кога ги проверувме новостите, фотографиите од нашите пријатели, постовите и се она што ни се нуди таму.

Еуфоријата е основното чувство, заклучуваат неврохирурзи од ова испитување. Преголма возбуда или т.н. „совршена бура“ која всушност до пред постоењето на т.н. виртуелен свет, беше во многу помала количина.

Терминот„ совршена бура “се користи при опишување на феномен во кој се собираат неколку индивидуални фактори за да се создаде „совршен момент“, како што е случајот со употребата на социјалните мрежи, како што се покажа во оваа студија. Интересно е дека испитаниците воопшто не биле свесни за нивните емотивни реакции за време на истражувањето и дека истите, никогаш не би ја поврзале емоцијата „еуфорија“ со посетувањето на социјалните мрежи.

Невро студијата исто така покажа дека мозокот на испитаниците, додека тие беа на Инстаграм и Фејсбук, реагираше негативно на телефонски повик или несоодветна реклама или спонзорирана објава, бидејќи овие содржини, доколку не се создадени во согласност со нашите интереси, го прекинуваат очигледното задоволство на користење на социјалните мрежи.

Со цел да го задржиме нивото на хормони на среќа кои се создаваат при користење на социјалните мрежи, ќе сакаме да останеме таму каде што сме среќни што е можно подолго, и всушност токму така ја создаваме нашата зависност.

GOLD
To Top