Новости

Психологија

Конечно е научно докажано: Убавите жени се опасни за здравјето на мажите!

Научното истражување од еден Универзитет во Валенсија, тврди дека само пет минути во друштво на убава жена го зголемуваат нивото на кортизол и хормоните кој предизвикуваат стрес кај мажите. Наводно, тој ефект бил засилен доколку имало жена во друштво на маж кој била „надвор од нивната лига“.

Хормонот кортизол се произведува од надбубрежната жлезда во време кога едно лице е под физички или ментален стрес, и се е во директна врска со срцето, со што може да предизвика срцеви и бројни други болести.

Истражувачите испитале 84 студенти решавајќи загатка судоку, индивидуално и во посебни простории. Двајца странци, мажи и физички привлечна женa, исто така биле во собата. Штом жената ја напуштелa просторијата, а двајцата мажи седеле заедно со нив, нивото на „стресни хормони“ кај испитаниците не се зголемувале. Меѓутоа, ако субјектот (испитаникот), останел сам во друштво на убавата жена, нивото на кортизол бил зголемен.

Студијата покажа дека нивото на кортизол кај мажите се зголемува по само пет минути краток социјален контакт со млада привлечна жена. Кортизолот во мали дози може да има позитивен ефект, но хронично покачениот кортизол влошува одредени здравствени состојби, како што се срцеви заболувања, дијабетис, хипертензија и импотенција, пишува medik.rs.

GOLD
To Top