Новости

Психологија

Која е причината што ги оставаме работите за утре!

Не, сега велат! Не веднаш зборуваат! Ќе го оставиме тоа за друг ден!

Која е причината што ги оставаме работите за утре?! Дали можеби сме толку големи оптимисти и сме сигурни дека утре ќе биде таму и ќе не чека?! А потребно ли е толку оптимизам? Можеби ако се обидеме барeм за миг да мислиме дека ,,немаме време”, конечно ќе уживаме во презентот.

Не ги оставајте работите да почекаат. Замислете го моментот заглавен во една редица од луѓе кои чекаат да исплатат некој заборавен долг. Одложувањето е можеби исто како плаќањето на рати. Ја исплаќаш таа сметка, а веќе ти поминало задоволството за она што пред месеци си го купил.

Не му го правете тоа на животот. Пробајте да бидете малку поголеми авантуристи и ценете го секое ,,тик – так” на оваа планета. Дека сме токму во овој простор и ова време, колку и да е лошо, е само потсетник дека треба да се соочиме со она малку или многу што го имаме.

Но, и најголемото започнува и секогаш ги бара ситниците. Радувајте се на тие ситници и конфронтирајте се со вашиот момент. Престанете да одложувате!

Евротип
Евротип
To Top