Новости

Психологија

Среќата е тука и сега, искористете го овој драгоцен момент! – Мудроста на Далај Лама

За жал, некои грешки и лекции се повторуваат додека не се надминеме и не стекнеме искуство кое носи подобар живот. Затоа не бидете премногу самокритични, не негувајте негативни емоции кон себе, бидете понежни кон своето битие.

Секој успех и неуспех се дел од животот и не дозволувајте ништо да ве спречи да уживате во ова прекрасно патување, пишува sensa.rs.

Во неколку презентации, Далај Лама ги истакна грешките што повеќето луѓе ги прават во животот – еве две кои се издвојуваат:

1. Има една поговорка на тибетскиот јазик која вели: „Трагедијата треба да се користи како извор на сила.“ Без разлика на видот на маката, сериозноста на болното искуство, ако ја изгубиме надежта, бродолом сме.

Колку и да се силни животни бури, не губете надеж. Тешкотиите со кои се соочуваме веројатно сега ви предизвикуваат болка, несигурност, незадоволство, но тие ќе поминат.

И ќе знаете дека сте успеале да ја завршите оваа фаза, со тоа што сега сте посилни. Една од најголемите грешки што можете да ги направите во животот е да изгубите надеж.

2. Човекот прво го жртвува своето здравје за да заработи. Потоа ги троши парите за да си го врати здравјето. Во исто време, тој е многу загрижен за својата иднина и никогаш не ужива во реалноста.

На крајот на краиштата, тој не живее ниту сега ниту во иднина. Живее како никогаш да нема да умре, а кога ќе умре жали што не живеел.

Оваа мудрост на Далај Лама не потсетува дека трката по материјалните нешта, која е клучна во современиот свет, не е параметар за среќа.

Сè додека мислиме дека среќата ќе ни се случи некаде во иднината, или размислуваме за тоа како сме биле посреќни во минатото – можностите ни поминуваат. Среќата е тука и сега, искористете го овој драгоцен момент.

Евротип
SNBROKER
To Top