Новости

Психологија

Малку за хуманоста, пријателството, љубовта што сме ја заборавиле!

Велигден е најголемиот христијански празник кој значи љубов, одново раѓање, верување, надеж, чудо што се случило, чудо што постојано се случува, спокој, смирение, хуманост.

Време е да се поклониме кон Бога и да се потсетиме кои сме и што значи нашето присуство во овој свет.
Некаде прочитавме обраќање кон пошироката,, публика” чиј пост започнува со:,, Драги пријатели и непријатели за многу години да ни се празниците!” Што е погрешно во постов?

Треба ли воопшто да постои тој збор кој алудура на омраза:
,,непријатели”! ? Треба ли воопшто да постои нешто што се вика НЕПРИЈАТЕЛ?

Омразата и говорот на омраза е сеприсутна во нашето општество, нашата сеопшта популација во светов на кој за жал му измислиле граници, ни ставиле бариери и она,, моето” над ,,твоето” и обратно го слават. Некако латентно ни влегла безбожноста и непромислено сурово, без скрупили и трошка срам животот ни заглавил во таа,, неестетична слика” – злото.

Бог не не учел така. Бог ширел љубов и никогаш не зборувал за гнев и создавање на нешто што се вика: безљубие, лакомост, непромисленост, одмазда, лицемерие и сите оние (не)епитетни додатоци кои му ,,прилегаат” на беззумието и се што сме заборавиле за доброто.

Но, пак кој сме ние да судиме? Има само еден што суди, а ние… Ако не можеме да го промениме светот, можеме да се поклониме пред Бога и да го молиме да ни помогне како грешници да се промениме себе. Создавајте и дишете во љубов, а не омраза!
Време е да престаниме да се гушиме во сопственото зло и его што го креираме во светов.

За многу години!

Евротип
SNBROKER
To Top