Новости

Психологија

„Маша и медо“ -цртаниот филм кој според психолозите треба да се забрани

Психолозите тврдат дека децата не треба да гледаат цртани филмови во кои има насилство, затоа што следствено тоа ќе го попречува нивниот нормален развој. Во однос на оваа нивна констатација и тврдење, тие велат дека на врвот од цртани флмови кои треба да се забранат или цртан филм кој е фундаментална кочница за развојот на детето е цртанот „Маша и Медо“.

Убава приказна, убаво смислена, дизајнирана. Ликовите се феноменални и има толку позитивни страни. Што ли им пречи на психолозите? Проблемот бил токму во карактерот и темпераментот на Маша. Нејзините перипетии брзо се восприемаат од страна на детската публика и овој „таргет“ има тешки последици. Децата брзо ги емитираат реакциите на Маша и тие мислат дека таквото однесување е правилно, па агресијата им станува приоритетна, примарна.

Но, истото се зборуваше и за „Том и Џери“, се слушале безброј критики од самите почетоци на јунаците и нивните „збрки“, па сепак овие јунаци стојат рамо до рамо со Дизни.

Оставаме на вас да расудите сами дали приказната за Маша и Медо ќе ја ставите на пауза, се дури полека не се заборави. Барем се додека вашите деца не пораснат. Жално? Па лично, мислам дека е жално и дека ова не е праведно судење, но вие…како сакате!

GOLD
To Top