Новости

Психологија

Наместо критика, понекогаш подарете комплимент

Кои сме ние да ги критикуваме, но кои се пак и тие да не критикуваат нас?

Прифаќањето на критиката е позитивна особина, но кој е прагот на толеранција и кое е тоа црвено светло?! Треба ли да ја прифаќаме секоја критика? Треба ли ние да критикуваме постојано или постојано да го кажуваме и изјаснуваме секое наше мислење на глас? Кои сме ние и кои се тие?!

Се повеќе светов одбира да се облекува во ,,дрско” руво и тоа е тренд што исто толку дрско и чудесно се провлекува низ човечкото битисување и станува прифатливо од општата маса.

Зошто?! Зошто да сме како нив и зошто тие да се како нас?!

И меѓу милионите прашања кои си ги поставуваме, ретко кој од нас, би си одговорил дека можеби константното прифаќање на критиките и постојаното менување и прилагодување кон нивните ,,примедби”, го овозможува процесот на раѓање на фрустрацијата, комлексот и злобата кои од своја страна немилосрдно и контрадикторно го возвраќаат ударот и така… Така стануваме злобни. А не сме биле. Но, тренд е нели?!

Сепак, повторно би рекле… Постои нешто што се вика етичка лага и истата веројатно е во тесна пријателска и латентна врска со бонтонот, културата и она што се нарекува комплкмент. Макар и да излажете! Убаво е понекогаш да подарите комплимент, наместо критика! Баталете го трендот и бидете токму вие таа класика!

Евротип
Евротип
To Top