Новости

Психологија

Неколку работи за кои едноставно престанувате да се грижите после 30тата!

После 30тата некако се повеќе сфаќаме дека животот е краток, дека времето брзо поминува и дека е глупаво да се грижиш за неважни работи. Но, најважен е моментот кога ќе разбереш кои од нив биле навистина неважни.

После 30, не ти е важно што мислат луѓето за тебе!

После 30, стоиш зад сите твои постапки и не се обвинуваш за грешките од минатото.

После 30 знаеш оти е на попуст најубавиот фустан, а баш и не ти е гајле дека Бионсе е бремена по втор или трет пат.

После 30, не ти е важно нивното мислење во врска со партнерот кој си го одбрал/а.

После 30 не ти е гајле ни оти си сингл, ами си научила да уживаш во тоа, не само да живееш.

После 30 знаеш што сакаш, каде сакаш и кого сакаш.

После 30 веќе не можат туку така лесно да те излажат.

После 30 баш и не се грижиш околу вишокот килограми и добро де малку целулит.

После 30 знаеш кој ти е пријател, а кој непријател и знаеш како со нив.

После 30 заклучи дека е доста со емотивноста…

Само… бараш начин како да си комплетно луд што очигледно било подобро од досаден!

Евротип
Евротип
To Top