Новости

Психологија

Не задушувајте ја среќата! Споделете ја!

Имате живот преполн со благодети, секое задоволство ви е исполнето, радосни сте, среќни сте. Но, како нешто да ви недостасува?!

Престанете себично да ја чувате среќата и да стоите зад затворени врати. Ако ја споделите радоста, таа може само да се размножи, но во никој случај не би исчезнала.

Пренесете ги позитивните емоции што ги имате во изобилство и дозволете таа енергоја да има совршен проток. Пренесете ја насмевката и станете заразни. Ништо од ова не би ве повредило, само ќе направи да ја пополните празнината што ја чувствувате!

Отпорноста не нагативните вибрации може да настане од ,,ѕидот” кој вие ќе го создадете заедно со другите. Токму убавите и весели чувства ќе бидат материјалот од кој ќе биде изграден тој ,,гард” и верувајте, лошите нешта само ќе се одбиваат од вас.

Направете ја оваа позитивна промена во вашето опкружување и стекнете ја довербата од пријателите, не само за да го исполните вашето его и не чекајте ,,браво”. Аплаузот е во спокојот кој ќе го чувствувате, па наместо да бидете гласни, надмени и себични, дадете си критика и поправете ги овие нешта.

Евротип
Евротип
To Top