Новости

Психологија

Не можеме да имаме се, но и она што го имаме, може еден ден да го нема!

Во животот треба да сфатиме дека не можеме да имаме се, но и дека она што го имаме може еден ден да го снема, колку и да е малку, а колку и да е многу. Ова не би значело дека постојано треба да сме скептични и во страв и паника да не уживаме во ништо. Напротив, да го цениме моментот во кој имаме „по нешто“ и штом го отвориме прозорецот да го гледаме пејсажот пред нас, а не таа мала пајажина сместена во аголот.

Се е до перцепцијата, но токму тоа е она нешто што треба да го откриете во вас. Или можеби треба да го научите начинот на тоа како да функционирате со неа. Како да го совладате стравот и моментот од она што мислите дека ќе ви се случи во кое всушност е сместено вашето најлошо сценарио.

Едноставно, не дозволувајте да се плашите пред да се случат последиците кои всушност не се случуваат. Ако се плашите на пример од кучиња, (едноставен пример), не стравувајте од нив во мислите дека истите од некаде ќе се појават. Наместо тоа, уживајте во вашата прошетка или концентрирајте се на она место каде сте тргнале и за што сте токму таму, а од нив ќе се плашите во моментот кога тие ќе се појават.

Не можете да го избегнувате стравот, но не плашете се од вашите стравови пред да се случат! Со други зборови, престанете да предвидувате и да влегувате во некои дубиози предвидувајќи го моментот и верувајќи во она нешто што често го нарекуваме „што би било ако би било“! Оставете му го тоа на Бога, на судбината, универзумот или што и да е она во кое верувате. Оставете му го тоа на „креаторот“ кој има совршен план за вашиот живот, а вие еднаш научете како да бидете капетан на бродот и да знаете каде е мирното море по кое би пловеле.

Евротип
Евротип
To Top