Новости

Психологија

Не може свесно да се контролира – дали зборувањето во сон може да открие некои тајни?

Многумина стравуваат дека ако зборуваат во сон, нивните тајни ќе бидат небезбедни и ќе бидат откриени. Зборувањето во сон е навика која не може свесно да се контролира.

По правило, во првата и втората фаза од спиењето се јавува нејасен и неповрзан говор – комплицирани монолози, кои не траат подолго од половина минута. Во третата и четвртата фаза од спиењето, човекот почнува да „брбори“ и да извикува.

Зборовите изговорени во сон немаат некое големо значење.

Затоа, велат руските истражувачи, не треба да се плашиме дека во сон ќе ги откриеме нашите тајни и скриени мисли, ќе „зборуваме“ нешто што не треба или дека од партнерот ќе научиме нешто што тој немал намера да ни го каже.

Во повеќето случаи, зборувањето во сон престанува самостојно.

Доколку го имате овој проблем, потребно е да го исклучите алкохолот од употреба, особено навечер. Стресот, депресијата и консумирањето алкохол, како и високата телесна температура, исто така може да влијаат на говорот при спиење.

Евротип
SNBROKER
To Top