Новости

Психологија

Никој не е совршен. Жалам, не сте ни вие!

Убаво би било понекогаш да му се налутите на вашето его и да се конфронтирате се со вашето огледало

Престанете да се сожалувате и да зборувате за себе си во деминутив. Не, не сте вие толку добра личност и сте далеку од најдобра. Не! Не сте ни од ретките личности кои останале во светот и кои ги препознаваме по нивната чиста душа. Едноставно, не постои чиста душа.

Сите си имаме свои маани и лоши страни. Некако како да му е доста на светов од луѓе кои се преполни со себе и кои мислат дека се на врвот штом станува збор за нивните достигнувања и нивната наивност.

Конфронтирајте се со вашето огледало и најдете си барем едњн недостаток. Барем една маана. Верувајте, таа ќе ве држи во живот или можеби баш таа ќе биде онаа во која луѓето ќе се вљубат и ќе ве засакаат! Никој не е совршен, не сте ни вие! Жал ми е што ве разочаравме…

Евротип
SNBROKER
To Top