Новости

Психологија

Ослободете се од негативните мисли – овие 3 чекори ќе ви помогнат во тоа l

Добро знаеме и добро ни е нагласено за тоа каков однос треба да имаме кон животот. Велат секогаш дда бидеме позитивни. Но, што во ситуации кога тоа ни се чини невозможно или кога ни се чини дека сè и не оди баш како што треба?

Трагајќи по овие одговори, најдовме 3 начини или 3 чекори кои кажуваат и посочуваат како да се ослободите се од негативните мисли.

1. Одделете ги фактите од фикцијата

Првиот чекор е да го прекинете внатрешниот негативен дијалог со себе. Нашиот мозок бара закани и има тенденција да ги преувеличува настаните. Обидете се да ги спречите негативните мисли кои се множат во вашата глава, бидејќи повеќето од нив се неоправдан страв, поточно тие се само мисли, а не факти. Запишете ги на хартија и обидете се да ги погледнете рационално.

Кога ќе го видите напишаното, сигурно ќе сфатите дека тоа не одговара на реалноста. Ако овие мрачни мисли сè уште звучат како факт, дури и на хартија, побарајте независно мислење до некој кому му верувате. Ќе откриете дека многу од вашите негативни мисли се целосно неоправдани.

2. Дефокус на негативните мисли

Откако ќе излезете од маѓепсаниот круг на негативни мисли, помогнете му на вашиот мозок да научи да размислува позитивно. Тоа нема да се случи само по себе, треба да вежбате. Ќе речете дека е лесно да се биде позитивен кога се е добро. И точно е, полесно е да се биде расположен кога се е нормално, рамно, исто, а во случаи кога сè не оди како што треба, главата е полна со негативни мисли.

Еве една вежба што можете да ја направите: Размислете за денес и запомнете една позитивна работа што ви се случила. Ако не можете да смислите ништо, размислете за вчера или за некој ден од порано.

Фокусирајте се на доброто, успешното и инспиративното. Секогаш треба да имате во резерва некој позитивен спомен на кој ќе можете да се фокусирате кога ќе започнат негативните мисли.

3. Научете да бидете благодарни

Секој пат кога имате негативна мисла, користете ја благодарноста како алатка за одвлекување на вниманието и размислете за нешто позитивно. Секогаш имате за што да бидете благодарни. Вежбајте благодарност така што секој ден запишувате најмалку 3 работи за кои сте благодарни. Со текот на времето, позитивниот став ќе стане ваш природен начин на живот.

Евротип
SNBROKER
To Top