Новости

Психологија

Пандемијата е виновна ако сеуште сте сингл и тоа е научно докажано, не дека си бараме виновници!

Мenelaos Apostolou, од Универзитетот во Никозија во Кипар, оствари едно необично истражување во кое докажува дека луѓето навистина би сакале да најдат партнер, но не знаат како да го сторат тоа, а во последната година друг изговор за нив е пандемијата што ја зафати светот. Но, дали е тоа само изговор или е голем фактор?

Тој претпоставил дека недостатокот на заводливост и вештини за флертување, слабото препознавање на знаците на наклонетост и недостатокот на напор за остварување на една љубовна врска, влијае на фактот што тие остануват сами. Станувало збор за 1228 испитаници, мажи и жени на триесет годишна возраст.

Деведесет посто од испитаниците одговориле дека не знаат да ги прочитаат знаците кои покажуваат наклонетост кон нив, а тоа се должи на фактот што повеќе од времето го поминале дома, сами во изминатиов период. Ова е многу голем проблем за денешната младина. Ова е дел од асоцијализирањето и од она што од секогаш сме ги учеле нашите деца, а тоа е токму спротивното од ова – да се социјализираат. Тоа повеќе не постои и сега треба да се најдат други начини како да се остварат парови или…едноставно ние би додале, треба да се измисли нов начин за да се случи љубов! Но, нели… љубовта едноставно се случуваше? А како тоа би се случила кога тие не смеат ни да се бакнат?

GOLD
To Top