Новости

Психологија

Помнете го само доброто! Злото оставете му го на нивната карма

,,Помни го само доброто внучко” – секогаш ме потсетуваше дедо ми. ,,Нештата и онака ќе се заборават. Ќе не заборават кои сме, од каде сме, што сме направиле и што ни направиле. Гледај не им прави зло, затоа што немаат тие некој како мене да ги советува да паметат само добри работи. Но, ти ним, памти им го само доброто! Нема лоши спомени, има само обратна перцепција! А лошто…Лошото остави им го на нивната карма!”

И онака ноншалантно, се сеќавам, ќе се завртеше на големиот балкон во неговото ќоше за кафенце и локум и ќе тргнеше од тутунот. Забрането му беше да пуши цигари. Ама ги пафкаше. Оти уживаше во димот што поминува низ уста.

И не умре од цигарите,ама не замина ни од болеста. Не замина ни од злото, но не го паметеше тој тоа, ами замина со убави спомени и добра перцепција. Или токму онаква каква што тој сакаше. Дедо ми секогаш, секогаш го помнеше само доброто!

Затоа што и онака се ќе заборавиме… И онака еден ден, на крај навраќајќи ги спомените, ќе сакаме да сфатиме дека сме имале убав живот. А дали ќе имате и што ќе речете тогаш, зависи само од она што сакате да го видите!

Евротип
Евротип
To Top