Новости

Психологија

Постојат две страни на светот – СЛОБОДА И ЗАТВОР, но зависи како ќе ги сфатите

Постојат две страни на светот – Слобода и затвор, но се зависи од перспективата како ќе го сфатите затворот и како ќе ја разберете слободата.

Светот е поделен на црно и бело. Добро и лошо. Топло и ладно. Црно и темно. Всушност работите се едноставни во него, но се зависи од вашата перцепција. Ќе одлучите ли да му служите на слободата или да сте слободен, макар и во затвор?
Сите сме имале моменти кога се чувствуваме како во затвор и како да живееме живот спротивен на нашите очекувања. Но, по милионити пат, важно е да живееме во оној миг во кој моментно се наоѓаме, а не целиов век да го живееме во копнежи по нешто повеќе и повеќе и подобро.

Од тука и приказната за ненаситноста. Еден човек си закажал третман за масажа. Неговата била наречена ,,сребрена масажа”. Но, имало и златна. Тргнал во другата врата, во просторијата кај ,,златната” и навистина било поубаво, но од тука му рекле дека постои и некава си ,,дијамантска” уште и уште поубава, та тој тропнал на вратата, но никој не му отворил. Наместо тоа, во последната ,,одаја” имало само едно нешто: ѓубре.

Која е нашата крајна цел? Ќе копнееме ли за слобода или ќе ја имаме?

Ние одлучуваме до каде ќе одиме, но добро е понекогаш да знаеме за стоп, зашто вистинската слобода се наоѓа токму во тој ,,стоп”. Не понатаму! Затоа што понатаму е другата страна на мостот, а таму наместо копнеж и реализирање на вистинска среќа или слобода, може да наидете на затвор.

Не осудувајте ја вашата судбина за вашиот живот, осудете го вашето алтер его што размислува воопшто за некаков си суд! Погледнете се во огледало и убаво проверете кој од овие двајца е на слобода, а кој е во затвор?! Потоа ослободете го и конечно уживајте во моќта на сегашниот миг и пуштете ја оваа птица на слобода!

Евротип
Евротип
To Top