Новости

Психологија

Потребата да сте спасени не е љубов! – Љубовта не ви нуди падобран

Некаде на половина пат до мислите кои водат кон неуспешните обиди да ја дефинираме љубовта, всушност сфаќаме дека таа и нема некоја посебна дефиниција. Таа не е математички пресметана, не е теорема, не е закон, не е нешто што сме го научиле на памет теоретски, па сега толку успешно ќе го совладаме, примениме и во пракса.

Меѓу останатите обиди да се дефинира ова (според google) ,,силно чувство”, често се сопнуваме на стравот. Стравот од тоа да не останеме сами и да не се предадеме. Стравот да не станеме токму ние таа жена со дваесет мачки и милион спомени без ни еден презент и рамо за плачење. Стравот да не станеме тој маж кој сеуште ,,ерген” ќе го викаат.

И штом на таа ,,(не)љубов” се сопнеме, прифаќаме се и се согласуваме на се. Само за да не бидеме сами. Само поради стравот да не немаме падобран, па да паднеме. Но, тоа не е љубов. Тоа не е чувство. Тоа не е ни силно ни чувство. Љубовта не е google. Љубовта не е дефиниција, не е падобран, не е само рамо за плачење и рака подадена во неволја. Љубовта се случува само тогаш кога е вистинска.

А каква е таа? Сигурно не стравува дека ќе падне, не се плаши, па и да боли ќе жртвува. Љубовта може да ,,сака” до крај во самотија без него/неа и вистинскиот покрај себе до крај на животов, светов, веков, но да не очајува во осаменост.

Љубовта не е себична и секогаш во себе си вели:,, Само да е добро”. Тифко си вели… Без страв. Без себичност. Само молчи за таа нивна приказна која може да ја живеат низ спомени сами, без или едвај повторно да се заприметат. Некаде низ гужвите, кога едвај очи во очи ќе се видат. Некаде, а можеби и никаде. Но, без да се плашат.

Евротип
SNBROKER
To Top