Новости

Психологија

Прегратката има лековити својства, а овој пат тоа е и научно докажано!

Освен насмевката, научниците откриваат дека и прегратките имаат лековити својства. Истражувањата покажуваат дека прегратката е многу ефикасна во лекување на разни физички заболувања, како и осаменост, депресија, анксиозност и стрес.

Во студија спроведена на Универзитетот во Северна Каролина, истражувачите откриле дека прегратките го зголемуваат нивото на врзувачкиот хормон – окситоцин, го намалуваат ризикот од срцеви заболувања, го намалуваат крвниот притисок и нивото на хормонот на стресот – кортизол.

Како нашето тело реагира на прегратка?

Според истражувањето спроведено на Универзитетот во Северна Каролина, кај вљубените парови кои се прегрнуваа околу 20 секунди, е забележано дека кај нивните тела значително се зголемило нивото на окситоцин, хормон кој нормално се лачи најмногу за време на породувањето или доењето. Истото се случило и кај пријателската прегратка, но сепак толку како кај онаа љубовната. Логично нели?

Во меѓувреме, нивото на кортизол – хормон на стрес, значително се намалил кај жените, како и нивниот крвен притисок. Лидерот на истражувањето и психологот д-р Карен Гривен вели: „Поддршката на партнерот е поврзана со повисоки нивоа на окситоцин и кај мажите и кај жените. Сепак, важноста на окситоцинот и неговите потенцијални кардиопротективни ефекти може да бидат поголема кај жените “.

Втората студија поврзана со прегратките, вклучуваше скоро 60.000 луѓе од Австралија.

Проектот го водеше д-р Ентони Грант, психолог на Универзитет во Сиднеј, кој заклучи:

„Науката ни кажува дека допирот има многу важно влијание врз физичкото и менталното здравје. Докажано е дека допирот го намалува крвниот притисок и отчукувањата на срцето, го зголемува имунитетот и ја ублажува болката. Прегратките ослободуваат окситоцин, хормон кој ги тера луѓето да се чувствуваат безбедни и го намалува нивото на кортизол, намалувајќи го стресот, вознемиреноста и осаменоста “.

За време на прегратките кои траат повеќе од 20 секунди, нашето тело ослободува хормон наречен окситоцин.

Овој хормон може да помогне во намалување на крвниот притисок, намалување на нивото на кортизол – хормон на стрес, а исто така се верува дека окситоцинот во мозокот може да предизвика чувство на задоволство, нежност и приврзаност.

Придобивките од прегратката
Луѓето се очигледно социјални суштетства, за што сведочат безброј студии кои покажуваат дека оние кои одржуваат блиско пријателство, како и оние кои се во брак, се физички и психички поздрави.

Истражувањата покажуваат дека искрената прегратка, во која се притиснати две срца, може да ги има овие придобивки:

– Прегратката гради доверба и чувство на сигурност. Ова помага во отворена и искрена комуникација.

– Прегратките можат веднаш да го зголемат нивото на окситоцин (неговите придобивки се наведени погоре).

– Долгите прегратки го зголемуваат нивото на серотонин, хормон одговорен за добро расположение и општо чувство на среќа.

– Прегратката го зајакнува имунитетот. Ја стимулира тимусната жлезда, која го регулира и балансира производството на бели крвни клетки во организмот.

– Прегрнувањето ги релаксира мускулите и напнатоста во телото. Исто така, прегратката може да ја ублажи болката.

– Добрата прегратка буквално го намалува нивото на кортизол – хормон на стресот.

– Прегратката може веднаш да го подобри вашето расположение.

– Целосно е бесплатно!

За крај, би ркле дека немало потреба да испитуваат толку, затоа што мнгоу добро знаеме што значи една прегратка. Но, зошто не ја практикуваме?

Евротип
Евротип
To Top