Новости

Психологија

Престанете да го рефлектирате вашиот живот во животот на вашите деца

Секој има сопствен живот, замислете тоа го има и вашето дете.

Во оваа брза трка со времето, многу се чести разочарувањата од страна на возрасните дека тие не ги постигнале своите цели, па токму затоа нивното oстварување како родители, значи рефлектирање на нивниот живот во децата. Апсолутно погрешен потег и лошо очекување.

Престанете постојано да барате некаков талент кај вашето дете или некоја ,,убава” карактерна страна и особина која ќе асоцира на вашите гени. Престанете да го споредувате вашето дете и не очекувајте тоа кога еден ден ќе стане возрасна личност, да продолжи токму од она место каде што вие сте застанале. Не им вршете притисок на идните генерации и не ја следете парадигмата:,,Ако не можев јас, ќе може тој/таа!”

Секој има различна судбина (ако верувате во неа) или различен код (ако не верувате). Но, без разлика во што и да верувате, гените не се пресудни за детето да ги поправа вашите грешки или да биде исто како вас. Секој е приказна за себе. А приказна за себе ќе бидат неговите деца, вашите внуци, вашите правнуци и сите идни генерации кои ќе живеат додека овој магичен свет не го испушти последниот здив. Прифатете го вашето дете токму онакво какво што е. Научете го за животот, поучете го, воспитајте го, но без големи барања. Доловете ги неговите афинитети и не го спречувајте по патот до неговите лични успеси! Лични и негови, а не ваши!

GOLD
To Top