Новости

Психологија

Престанете да се задоволувате со премалку и излезете од комфорната зона

Често се судираме со мноштво од мислења, сугестии и совети за фактот дека треба да ја кренеме нашата мотивација, дека треба да стремиме кон патот до успехот, но понекогаш ни е многу тешко да дознаеме како.

И некаде помеѓу тие прашалници, полека го откриваме одговорот. Излезете од вашата зона на комфор и престанете да се задоволувате со малку. Она што ќе го посакувате, токму тоа ќе ви се врати, ќе ви се даде како подарок затоа што сте верувале. А вие колку и да тврдите дека верувате и дека сте позитивна личност, доколку сте убедени дека таму каде што сте, ви е најубаво иако тоа е далеку од така, па глумите скромни личности и потсвесно се задоволувате со тоа малку трошки што останале, никој нема да ви подаде рака. Никој, нити пак животот.

Престанете да уживате во лежење и откажување. Тоа е како вртолом. Ве влече во некој замислен круг, дупка во која ќе уживате во сопствената болка. Но, сте помислиле ли дека постои и нешто што се вика ризик, а последователно и нешто што се вика неоткажување после првиот неуспех?

Сте помислиле ли да излезете од вашата зона на комфор и да се сетите кои сте вие или барем одново да се креирате? Зошто?  Затоа што никогаш не е доцна за да сонувате нови соништа.

Евротип
SNBROKER
To Top