Новости

Психологија

Приказна што ќе ве потсети од каде требаше да започнете со решавање на проблемите!

Не секому му е лесно да го заборави стариот ден и еуфорично да го пречека новиот, па да ужива во она што се нарекува ,,Денес”.
Носталгични сме по стари пријатели, екс партнери, љубовни врски, деловни работи и финансиска некогашна состојба… Се поврзуваме со градови, места, случувања. Сетоа тоа подоцна го складираме во кутија со спомени и забораваме на се она што ќе биде во иднината.

Често пати знаеме да кажеме:,,Ех…Тоа беа други времиња! Или, поточно, не му оставаме простор на иднината да создаде нови спомени. Го задушуваме протокот на енергија и не дозволуваме нешто ново да ја наполни душата. Сакаме да биде се спонтано, а ни на спонтаноста не и дозволуваме да се случи.

Една стара приказна раскажува за токму тој преполн ,,систем” со информации кои сеуште не сме ги ,,складирале” во фолдери, а потоа не сме ги оставиле во онаа корпа на што ја нарекуваме ,,trush”.

 

Еве една кратката приказна што ќе ви објасни нешто, за кое веруваме дека ќе го разберете:

,,Еден човек го посетил стариот мудрец и побарал животен совет од него за проблем кој го мислел долго време, но никако не можел да му најде решение. Стариот мудрец најпрво го понудил гостинот со чај, а потоа во неговата чаша сипал толку многу што тој почнал да се прелева од шолјата, се дури гостинот извикал:

– Што правите? Чашата се преполнува!

На тоа, мудрецот му одговорил:

– Сакав да ви кажам нешто. Така е и си вашиот ум. Преполн е со информации и спомени. Оставете го минатото каде што му е местото. Испразнете ја ,,чашата”, а потоа ќе зборуваме за вашата иднина! Сега, едноставно. Немате место за ништо ново!”

СН Брокер
To Top