Новости

Психологија

Проблеми со несоница? Експертите советуваат: Еве како да заспиете најлесно

Без доволно сон, организмот не може да функционира правилно. Според тоа, сонот ја игра една од најрелевантните улоги.

Многумина, за жал, имаат проблем да заспијат. И можеби досега сте пробале различни начини, но експертите велат дека овие совети ќе ви помогнат да заспиете без проблем.

Пригушена светлина и топла бања на крајот од денот

Температурата на телото природно опаѓа во текот на ноќта, а процесот започнува два часа пред спиење и трае до четири часот наутро, покажуваат резултатите од студијата.

Кога ќе легнете во топла бања, температурата на телото ќе се зголеми, а по опуштањето ќе започне процесот на ладење. Два часа пред спиење опуштете се во бањата 20 минути, советува д-р Џојс Велслебен, професорка од Њујорк.

Исклучете ги светлата

Доцна навечер телото ослободува мелатонин што ве прави поспани. Мелатонин е хормон на темнината, нема да се активира ако има силна светлина во просторијата.

Преминот од силна кон слаба осветленост треба да го направите околу 21 часот. Ако останете во соба со пригушени светла, тоа ќе ве подготви за легнување.

Редовна рутина

Подгответе облека за спиење – можете да му помогнете на вашето тело да препознае дека е време за спиење ако повторувате една рутина секоја вечер. Д-р Гери Замит, директор на Центарот за нарушувања на спиењето во Њујорк, предлага да одредите редовна рутина пред спиење за мозокот полесно да се „префрли“ во состојба што значи дека е време за спиење.

Ако ги ставате пижамите на креветот, ги миете забите и се миете, овие навики можат да ви бидат од голема помош доколку страдате од несоница.

Читајте книга

Можеби мислите дека е многу релаксирачко да се допишувате со пријателите пред спиење, но оваа навика може да го продолжи времето што ќе го поминете вртејќи се во кревет додека се обидувате да заспиете.

Осветлениот екран делува како стимуланс. Пред спиење, попаметно е да направите нешто релаксирачко, како на пример читање книга.

Ако имате проблем со студени стапала во текот на зимата, загрејте ги со памучни чорапи. Овој дополнителен слој материјал, ќе ја поттикне циркулацијата до екстремитетите, што ќе ви помогне да заспиете побрзо.

Исто така, обилен оброк или зачинета храна може да го направи вашиот дигестивен систем активен кога одите во кревет и сакате да спиете. Ако пиете многу течности пред спиење, може да поминете поголем дел од ноќта во тоалет.

Евротип
SNBROKER
To Top