Новости

Психологија

Пролетна ,,чистка” на вашиот плакар – ослободете се од лошата енергија што ја собираат парчињата облека

Алиштата ја собираат енергијата, сеќавањата кои ви значат, но и оние лошите кои сакате да ги заборавите. Од време на време, треба да бидете свесни за ова и да го чистите вашиот плакар. Еве неколку совети како да го направите тоа:

*Ослободете се од се што не ви прилега на стилот, на килажата и на вкусот.

*Доколку година дена некое парче облека не сте го употребиле, збогувајте се со него.

*Купувајте го само она што ви е потребно, а не само да собирате купови алишта.

*Пред да ставите нова кошула во плакарот, фрлете ја најстарата.

*Важно е да имате навистина омилени работи во вашиот гардеробер. Омилените алишта влеваат самодоверба, па штом ќе се чувствувате совршено во нив, тоа ќе го пренесувате и во околината.

*Алиштата имаат капацитет да усвојат и акумулираат човечка енергија. Главно негативна.

*Збогувајте се од сè што е старо и уништено, износено,

*Никогаш не носете облека со која сте поврзани со негативни сеќавања, без разлика колку е скапа.

*Сите алишта што ги носевте кога се соочувавте со физички непријатности треба да бидат безмилосно фрлени.

*Се разбира подобро е да ги подарите износените алишта и останатите кои сте одлучиле да ги отстраните отколку да ги фрлите во ѓубре.

GOLD
To Top