Новости

Психологија

Психолог дава 10 совети со кои му објаснува на светот што е всушност неуспехот!

Eден од најпознатите и најценетите руски психолози, Михаил Лабаковски чии совети и мисли се почитуваат и практикуваат од страна на многу луѓе ширум светот, ги пренесува неговите совети за успехот.

Лабковски има над 25 години работно искуство и неколку научни трудови зад себе, но тој секогаш зборува за „животните“ искуства на начин на кој секој може да се идентификува.

Многу луѓе мислат дека неуспех е да живеат со нивните мајки на возраст од 40 години и да работат како чистачи или пак често неуспехот визуелно си го претставуваат како слика на која 45 годишна жена која седи сама без сопруг и деца, опкружена со мачки.

Но, всушност, неуспехот не изгледа така и е далеку од тоа.

-Дали сакате да ви кажам што е всушност неуспехот? – вели психологот и продолжува:

1. Kога човек не живее како што сака!

2. Кога ја работи најпрестижната работа, но ја мрази.

3. Кога е во брак со најпаметната, најперспективната и најубавата личност, но не ја сака.

4. Кога секој ден брои калории за да „носи“ туѓо тело.

5. Цел живот сонува да напише роман, но премногу се плаши да го продолжи она што го започнал со пишување на второто поглавје.

6. Има секс секоја вечер, но поради чувство на должност – никогаш не чувствува страст.

7. Живее со својот сопруг во љубов, разбирање, љубезност, но сонува за соседот.

8. Тоа е кога едно дете постојано сака да игра, а вие едноставно сакате никој да не ве допира.

9. Тоа е исто како да сонувате за појадок со кроасан додека разгледувате списание, но наместо тоа „полнете“ инстант хемиска каша додека седите на компјутер.

10. Секој ден сонува дека сè ќе се промени, но не правите ништо околу тоа.

GOLD
To Top