Новости

Психологија

„Разликата меѓу гениј и будала е во тоа што генијалноста има граници“ – Ајнштајн и неговите брилијантни цитати

Познатиот физичар Алберт Ајнштајн покрај неговите интелектуални достигнувања и паметните теории и математиката, знаел и со зборови. Еве некои од неговите брилијантни цитати, мудрости и совети кои имаат влијание и денес.

„Вистинскиот знак на интелигенција не е знаењето, туку имагинацијата“.

„Само две работи се бесконечни, универзумот и човечката глупост. Не сум баш сигурен за универзумот.“

„Животот е како возење велосипед. За да ја одржите рамнотежата, треба да продолжите да се движите“.

„Разликата меѓу гениј и будала е во тоа што генијалноста има граници“.

„Имагинацијата е многу поважна од знаењето. Сè може да се знае, но ништо не може да се направи, додека со малку имагинација се може да се направи.“

„Умот е како падобран – работи само ако е отворен“.

„Ако сакате да живеете среќен живот, врзете го за цел, а не за луѓе или нешта“.

„Кој никогаш не погрешил, никогаш не пробал ништо ново.“

„Кога мажот седи еден час со убава девојка, тоа изгледа како минута. Но, нека седи една минута на жежок шпорет – ќе изгледа подолго од еден час: тоа е релативност“.

Евротип
SNBROKER
To Top