Новости

Психологија

Разлики во воспитувањето! – Машките деца добиваат повеќе внимание од девојчињата!

Воспитувањето е процес кој има констснтни барања од страна на родителите. Барања, посветеност и внимаине! Но, што се случува со таа ,,наклоност”?!

Дали вниманието е подеднакво кон сите деца, без разлика дали се момчиња и девојчиња?

Се случува ли балканскиот стереотип и конзервативен пристап во светот, па момчињата сеуште го држат пиедесталното место во однос на градењето на нивната самодоверба, возвеличувањето, вниманието?! Нели тие се машки деца, а еден ден ќе треба да се тапкаат по градите и да бидат ,,вистински мажи”!?

Едно истражување во Америка, покажало родова пристрасност во корист на синовите. Синовите ги надминале сите поставени пречки полесно и побрзо од ќерките.

Од самиот почеток, се чини дека родителите имаат помали очекувања од девојчињата. Истото истражување покажа дека дури и пофалбите на родителите се разликуваат во однос на полот на детето, така што момчињата добиваат двојно повеќе внимание и ,,аплауз”.

По некое непишано правило, родителите веруваат дека нивните синови ќе ја совладаат математиката и другите природни науки многу порано и побрзо и подобро отколку девојчињата. Татковците им посветуваат повеќе време на своите синови затоа што имаат повеќе контактни точки во однос на интересите и претежно споделуваат слични активности.

Дефинитивно постојат разлики помеѓу момчињата и девојчињата. Единственото прашање е дали се потребни толку многу разлики во воспитувањето. Намерно или ненамерно?

СН Брокер
To Top