Новости

Психологија

,,Внимавај на кој му веруваш! Солта и шеќерот изгледаат исто!” – Рандом совети од рандом луѓе!

Во животот сме среќавале многу луѓе и сите оставиле некоја трага во нашите животи. Некои кажале по нешто, некои оставиле печат со тоа што ни го дале вистинскиот совет. Неколку совети од оние што авторов ги памети, би ги споделиле со вас, па се надеваме дека ќе ги додадете како дел од вашиот ,,џебен мисловен прирачник”.

* Ако имаш некаков проблем, јави ми се. Ако го немаш мојот број, тогаш не ме познаваш доволно за да имаш проблем!

*Ќе слушнеш и лоши приказни за мене. Но, треба да знаеш дека јас бев и добар со тие луѓе таму, но тие никогаш нема да ти го кажат тоа!”

*Ќе се изненадиш колку можеш да добиеш, откако ќе се увериш колку заслужуваш да имаш.

*Зад секој силен човек, стои приказна што ,,не му дала” баш и некој избор!

*Внимавај на кој му веруваш! Солта и шеќерот изгледаат исто!

*Ако ,,те кошта” немир во душата, пријателе, си платил прескапо!

*Не е за тоа дека немаме време, туку како да го создаме!

*Подобро е да се заврши една работа иако таа нема да биде перфекција, отколку да се стане опседнат за истата да биде совршена, па никогаш да не се заврши ништо. Остави ја куќата, нередот, излези од хаосот и стисни пауза! Живеј малку, одмори се. Диши! После тоа, лесно ќе го средиш нередот!

* Чисти полици, чист ум!

*Да го работиш она што го сакаш, па за тоа да земаш пари е награда. Но, да го работиш она што не го сакаш, па потоа да ти даваат пари за да го правиш она што го сакаш, тоа е неуспех и лоша калкулација!

GOLD
To Top