Новости

Психологија

Совети за подобар сон од астронаутите на НАСА!

Ако и вие сте од оние личности на кои деновиве им е тешко да ,,склопат очи” и конечно да го добијат одморот кој го заслужуваат, еве неколку совети за тоа како да се справите со несоницата.

Инаку ова се советите на астронаутите на НАСА, кои штом ги примените, ќе сфатиге дека конечно имате решение за вашиот проблем кој долго време не можете да го ,,победите”.

 

1. Секогаш легнувајте и станувајте во исто време
Меѓународната вселенска станица кружи околу Земјата на секои 90 минути (значи сонцето изгрева 16 пати на ден).

Токму затоа астронаутите постојано страдаат од нарушувања на спиењето. Научниците од НАСА веруваат дека најефективниот начин да се реши овој проблем е да легнувате и да станувате во исто време.

Пред да патуваат во вселената, астронаутите всушност добиваат свој распоред за спиење ,,дизајниран” според нивниот ритам и навики.

Исто така, лежењето на грб со нозете испружени на ѕидот 10 минути пред спиење ќе го подобри протокот на крв низ вените и ќе се чувствувате поопуштено и смирено.

2. Престанете со лошите навики кои влијаат на вашиот сон
Процесот на заспивање најмногу зависи од работите што ги правиме пред овој чин.

Вечерното трчање или вежбање во теретана ги активира сите процеси во нашето тело и ја зголемува телесната температура, така што на човекот му треба повеќе време да заспие и неговиот сон станува нестабилен.

Како резултат, астронаутите ја намалуваат физичката активност неколку часа пред спиење.

Исто така, тие не консумираат тешка храна, така што процесот на варење не ја троши нивната енергија.

3. Ограничете ја употребата на електронски уреди
Силната светлина што ја емитираат нашите компјутери и паметни телефони влијае на нашиот сон затоа што таа е 40 проценти посветла од сончевата светлина и го намалува производството на мелатонин, хормон за спиење.

Астронаутите на НАСА престануваат да користат електронски уреди 2-3 часа пред спиење.

4. Изберете соодветна светлина
Вселенските бродови сега користат LED светилки кои можат да ја променат бојата и интензитетот. Силната светлина се намалува ноќе и се зголемува преку ден.

Обидете се да избегнете користење на флуоресцентно осветлување. Користете ламби кои емитуваат жолто или портокалово светло, бидејќи и двете немаат речиси никакво влијание врз синтезата на мелатонин.

5. Создадете средина за спиење
Сите членови на вселенската екипа имаат одделни кабини без светлина, така што астронаутите нема да се разбудат поради изгрејсонцето. Колку помалку светлина влегува во просторијата, толку е повисоко нивото на мелатонин.

Ако просторијата во која спиете не е доволно тивка и темна, користете чепчиња за уши и маска за спиење. Обидете се редовно да ја проветрувате просторијата затоа што загушливите простории не придонесуваат за правилен сон.

6. Научете техники за релаксација
Некои луѓе страдаат од нарушувања на спиењето поради стрес и вознемиреност. Во овие случаи, астронаутите на НАСА користат когнитивна бихевиорална терапија за да им помогнат да се смират.

Оваа терапија ги идентификува навиките што ги предизвикуваат нашите проблеми со спиењето и ги заменува со други кои придонесуваат за добар сон.

Техниката за релаксација исто така може да ви помогне да постигнете добри резултати. Едноставни вежби за релаксација можат да го подобрат нашиот сон и да нè направат посреќни.

Една од најефикасните техники за ослободување од стрес е длабоко дишење.

Според ,,Bright Side”, астронаутите спијат во вселената во вертикални вреќи за спиење лоцирани во кабините на екипажот.

Тие лабаво ги врзуваат своите тела за да не им лебдат телата додека спијат.

На почеток е доста тешко да се спие во воздух, но наскоро телото се навикнува на новите услови за спиење и астронаутите можат да се релаксираат.

А ние, послд погоренаведеното мораме и малку да се насмееме и да констатираме на шега:,,А да одевме на Марс? Веројатно таму има поубава атмосвера за спиење! Вертикално, вертикално! Тоа е! Само да се наспиеш како човек!”

Евротип
Евротип
To Top