Новости

Психологија

Совети и цитати од мајка Тереза после кои веруваме дека ќе станете подобри личности!

Сите сме слушнале за оваа жена која целиот живот го посвети помагајќи им на луѓето, советувајќи за мир, љубов, сочуство и хармонија. Нејзината хуманост ќе се памети низ вековите, па во прилог погледнете неколку цитати од неа кои се надеваме дека би ве потсетиле за добрината во светот што очигледно сами ја уништуваме, дозволувајќи му на ѓаволот удобност во нашите души!

* Ако не можете да нахраните сто луѓе, нахранете само еден.

* Оние што ги осудуваат луѓето немаат време да ги сакаат.

* Некои луѓе доаѓаат во вашиот живот како благослов, а некои како лекција.

* Не сме сите создадени да правиме големи работи. Но, затоа можеме да правиме мали нешта со многу љубов.

*Осаменоста и чувството дека не те сакаат е најголемата сиромаштија.

* Не е важно колку работите, важно е колку љубов вложувате во она што го работите.

*За да го вратиме мирот, не ни требаат оружје и бомби. Ни треба љубов и сочувство.

* Мирот започнува со насмевка.

* Поздравете се со насмевка бидејќи насмевката е почеток на љубовта.

* Најдов парадокс. Ако сакате некого до болка, тоа значи дека нема да има повеќе болка, туку само многу  љубов.

* Што можете да направите за да го промовирате мирот во светот? Одете дома и сакајте го своето семејство.

* Најдете време за игра, тоа е тајната на вечната младост.

* Нека секој што ќе ви пријде оди подобро и посреќно од вас.

* Во светот има повеќе глад за љубов и почит отколку за леб.

Евротип
Евротип
To Top