Новости

Психологија

Совети од психолог: Како да се изборите со претпразничната депресија за време на пандемијата со Ковид 19

Стресот и депресивноста обично беа карактеристични и досега за празничните денови пред Нова година и Божикните празници, познати како феномен на „Претпразнична или Божикна депресија“.

Оваа година во време на пандемија и корона вирусот кој се шири, заболени, изолирани,  оние кои го загубија животот од вирусот… Стресот можe да биде само уште поголем, бидејќи со се ова што ја прати Божикната еуфорија, уште се грижиме и плашиме за своето и здравјето на најблиските.

Токму на оваа проблематика, прочитајте ги советите од Жанета Ристевска, психолог.

Бајковита магична атмосфера  наспроти реалност

Сите ние како конзументи на весели, романтични и шарени новогодишни содржини од една страна,  постои и друг паралелен свет на пандемија со опасност по  здравјето физичко и ментални, секојдневни известувања за заболени со корона вирусот, смртта на луѓе претставена како бројка. Овој свет кој стана секојдневие цела претходна година постојано внесува неизвесност, страв, анксиозност, тага …или кога излеземе на улица овој период наспроти целата светлина од украсите и звуците на Божикните мелодии…ние всушност гледаме друга поинаква слика на реалноста која произлегува од економска, здравствена, политичка криза…

Заради ова ние би требало да сме свесни дека и едно и друго претставуваат реалност, и не е се сјајно и бајковито, но не е се и тажно или катастрофално.

 

Промена на чувства

Ова менување на чувства ќе го избегнеме ако вежбаме способност да направиме една целокупна слика  на себеси, другите и околината и да не одделуваме (“одлепуваме“) еден дел од реалноста било тој да е позитивен, па потоа да паднеме во замка на се е црно и страшно, или да ја одлепиме и го  негираме негативниот аспект, па се да ни е се розово и да испаднеме наивни.

Светот не е ни црн ни бел. Туку комбинација од обата и способноста тоа да го поднесеме го јакне нашето ментално здравје и егзистенцијалната толеранција – поднесување на животот прифаќање  и уживање во него.

Во потрага по духовност и мир за време на Божикните и Новогодишни празници

Претходните години традиционално ова беше време на подготовки за богати трпези, украсување, подароци за најмалите за претстојните празници кои доаѓаат. Време на прослави, дружење, собирање на семејствата, роднини пријатели…

Оваа година вообичаените празнични планови за овогодинешните празници нема да бидат онака како сте ги замислувале и на кои сме/сте навикнале заради пандемијата и спроведување на нови правила кои се сосема празлични од досегашните вообичаени начини на прослава и дочек на празниците.

Може  да се почуствувате  тажно, осамено , анксиозно, наспроти се она што укажува дека   би требало да бидеме расположени, весели, спремни за забава. Ако не можете да ги поминете празниците со најблиските, ако сте заболени, во изолација, ако сте изгубиле некој свој, нормално е да чувствувате тага и жалост.и не можете да се присилувате да бидете среќни или да се претварате само затоа што е време на празници и празнична еуфорија.

Со верба, духовност пронајдете мир во себе, скромност во прослава на празниците со семејството која е и основната порака на духот на Божикните празници. Сега и со длабоко  почитување на мерките заради сопственото, и здравјето на најблиските.

Ако изолираноста биде најголем проблем оваа година пред празниците, постојат начини како да се ублажи стресот и  да уживате во духовноста на Божикните празници и повеќе од што сега мислите.

Бидете реалистични

Божикните празници не мораат да бидат совршени, нити исти како што биле претходните години. Не мора да бидат како на рекламните спотови кои се прикажуваат овој период на ТВ или социјални мрежи, или на филмовите со тема „Божик“ . Ставете ја духовната страна над комерцијалната.

Оваа година пандемијата и не мора да биде единствена причина и придонесе за промени. Треба да бидете отворени за промени кои доаѓаат со годините и да воведете и нови обичаи.

Признајте  ги своите чувства

Иако насекаде  околу вас се асоцира на радост, мир, еуфорија, но признајте ако се чувствувате :

  • тажно, осамено, несреќно….Ако се чувствувате осамено или изолирано заради спроеведени мерки
  •  ако чувствувате тага, осаменост, депресивност  разговарјте отворено за своите емоции со членовите на семјството или пријател.
  • Не се плашете да ги изразите чувствата и емоциите ( да се расплачете ако сте тажни…да запеете ако сте весели)
  • Насекаде околу вас се асоцира на радост, мир, еуфорија, но признајте ако се чувствувате тажно, осамено, несреќно, вознемирено…

  

Побарајте и давајте поддршка (нека празниците бидат време на давање)

– Посвете го своето време на убаво и корисно:  Помогнете, донирајте на сиромашни храна, помогнете околу купување на храна на сосед, роднина пријател кој е заболен или во изолација, потоа помагајте  им на постари лица кои неможат да си пазарат, осамени се пред и за време на празниците,

Направете им некое убаво јадење. Бидете корисни, тоа ќе ви помигне да се чувствувате поубаво.

Планирајте го својот буџет да не западнете во долгови кои понатаму ќе Ви го зголемуваат  стресот

Духовноста нека биде над комерцијалната страна на празничната атмосфера и еуфорија која често е  „шопингхоличарска“. Бидете скромни во прославувањето. Пред да се „фрлите“ на непотребно трошење, на повеќе одколку што е потребно храна, подароци, украси… Реално

пресметајте колку пари имате на располагање за да потрошите и држете се до тоа, Не се обидувајте да купите среќа со што повеќе подароци.

Планирајте однапред

Оваа године е важно да планирате, посебно за купување како да ги избегнете гужвите во супермаркетите, продавниците, моловите…заради заштита на себеси и вашето здравје во време на пандемија.

Одредете си време и за подготовка и готвење на јадења, колачи за свечена трпеза. Можете да се организирате со членовите на семејството и да го правите тоа.заедно.

Почитувајте ги  различностите на другите

Обидете се да ги прифатите членовите на семјството и пријателите онакви какви навистина се, дури и ако не ги исполнуваат вашите очекувања. Расправиите одложете ги за некое друго време, и имајте разбирање ако и тие чувствуваат нервоза и вознемиреност или „Празнична Божиќна депресија“.

Научете да кажете НЕ

Согалсување на нешто во некој момент кога треба да одбиете, предизвикува немир, што може да ве преоптерети.  некои обврски со кои ве притискаат пријателите.

Не се откажувајте од здравите  навики

Празничните денови не би смееле да бидат време во кое се е дозволено.

– Воведете здрави оброци пред Божиќниот и други слави потоа, за да не претерате со конзумирање на масна, храна шекери и пијалоци

– Јадете повеќе здрави оброци и овошје

– Спијте доволно

– Бидте физички активни:пешачете, вежбајте, шетајте на воздух.

– Совладајте ги вежбите на длабоко дишење и медитирајте

– Избегнувајте претерување во јадење, пушење и конзумирање на пијалоци,или претерување со лекови  на своја рака.

– Бидете свесни за огромната количина на информации на кои сме изложени пред екрани (ТВ, компутер, смарт телефони. Интернет и социјални мрежи) кои создаваат дополнителен стрес. Затоа ограничете го времето за читање на информативни портали и коистење на социјални мрежи

Одвоете си време само за себе

Ослободете си простор и време само за себе. Пронајдете активност во која уживате. Земете си пауза. Поминете само 15 минути сами, без некој да ве вознемирува за да се наполните со доволно сила за да полесно можете да направите било каква обврска или работа. Дишете длабоко, слушајте музика, читајте…

 Ако е потребно побарајте стручна помош

Дури и со најдобра волја, можеме да се најдеме себеси анксиозни и со чувства на длабока тага, разочарување, измачени со психосоматски тегоби, уморни од

несоница, нервозни со чувство на безнадежност, неспособни да се соочиме со

секојдневните рутински активности. Ако тие чувства траат подолго време не се двоумете да разговарате со својот лекар или психолог.

GOLD
To Top