Новости

Психологија

Според овие знаци, брачните терапевти предвидуваат развод

По долгогодишно искуство, брачните терапевти брзо гледаат кои парови се на пат кон разделба, бидејќи повеќе нема заеднички јазик. Се надеваме дека нема да се препознаете во следните редови, но понекогаш најдобро е секој да тргне по својот пат.

Напад врз личноста, а не делото

Ако постојано го критикувате партнерот и покажувате со прст кон него, тоа е лош знак. Зрелите парови зборуваат за постапките и за сопствените чувства. На пример, ако ви пречи доцнењето, не му кажувајте на партнерот: „Секогаш доцниш!“ или „не ти се важни нашите планови“. Наместо тоа, можете да речете: „Кога доцниш, се чувствувам неважен“.

Повлекување од разговорот и затворање во себе

Ако се затворите за време на расправија, избегнувате да зборувате и попрво би ја одбрале тишина, тоа е уште еден аларм. Важно е и двајцата да можете да зборувате како возрасни и да ги изразувате своите емоции на разбирлив начин.

Одбрана

Секој пар понекогаш влегува во расправија, но прашање е како тоа изгледа. Ако некој од вас зазема одбранбен став, тоа може да биде голем проблем. Одбраната најчесто се манифестира преку изговори, наместо да се слуша и да се обидува да го разбере ставот на партнерот за ситуацијата.

Извор: Aкtivни.si

Евротип
SNBROKER
To Top