Треба ли секогаш вие да ги „држите конците“? – Ослободете се од стресот и променете нешто кај себе

Постојано трчаме по време, шанси, можности, сонуваме за врвот и сме упорни. Но, кога треба да застанеме или дали барем треба да се одмориме?
Колку и да негираме, стресот е неминовен кога сме комплетно посветени на една работа, но секогаш излегуваат и други обврски кои едноставно се наоѓаат на патот и мораме да ги реализираме и нив. Испаднува дека се сопнуваме и тие само ни го успоруваат темпото. Но, вреди ли секогаш да се брза?
Апро по, психолозите советуваат: „Кога сте преморени, презафатени, или под голем стрес, решението е секогаш недостижно. Затоа, ослободете се од нешто. Ослободете се од многу нешта“.
Многу често се држиме за некоја работа која всушност и не е толку важна. „Залепени“ сме за некои нешта кои не мора да ги форсираме да се случат. Есента е одлично време за ослободување од сета таа пренатрупаност. Одлична за промени, преобрзаба, ослободување, прочистување. Колку се плаште да ги пуштите некои работи? Треба ли секогаш сите работи да се во ваши конци? Треба ли секогаш да бидете вие организатор, колку грижи свои и туѓи носите на грбот?
Класифицирајте ги проблемите, насоките, случувањата. Што е она што ќе ве направи среќни во иднина кога во еден момент ќе се завртите назад и ќе се чувтсвувате горди на себе си? Започнете од почеток со празна шолја во која ќе наполните прекрасен топол есенски чај во кој ќе уживате со сите сетила. Чувствувајте мир, спокој, удобност, без непотребни обврски и стрес. Затоа што се потекнува од менталното здравје, навидум нереален проблем кој знае да не сопне на патот. Одберете ги вистинските ресурси и исчистете го умот од непотребната „облека“ во тој плакар.
