Новости

Психологија

Трик кој ќе ви помогне да добиете на лотo!

Кога веќе ви го привлековме вниманието и љубопитноста за да го откриете трикот, време е да ве спуштиме на земја.

Под ,,лотарија” не мислиме на тоа да добиете пари, инстант богатство кое ќе ви ги реши сите грижи. Зборуваме за лотаријата наречена:,,Среќа”! А од каде започнува таа и што всушност значи да добиете на лото?!

Сега за момент запрашајте се, што е она што понекогаш ве прави да се чувствувате спротивно на ова – несреќни? Погледнете се во огледало и размислете каде грешите. Ако сеуште не знаете, време е да смешаме прсти во вашиот ум и конечно да обелодиниме една голема вистина.

,,Трикот” е во благодарноста. Денес и тоа како ни е јасно и веќе исклиширано дека сме постојано во некоја ,,фрка”, брзаме за на работа, брзаме за дома, брзаме да ги ,,грабниме” тие неколку минутки за да одмориме. Брзаме за брак, брзаме за семејство и сакаме уште и уште и уште. Посакуваме и грабаме, па и некогаш земаме и добиваме! Но, знаеме ли да се заблагодариме?!

,,Трикот” за да се почувствувате среќни, лежи во токму овој мал, а толку голем збор. Благодарноста носи последователен спокој, а нема ништо подобро од тоа да си легнете на ,,мирна” перница и да знаете дека едноставно веќе сте ги решиле сите загатки, сите проблеми.

*Заблагодарете се на вашето постоење!

*Лото добивка е што воопшто ги отваривте очите ова утро и подготвени го започнувате денот!

*Лото добивка е што го дишете воздухот, што го гледате небото, што чекорите на земјата!

*Лото добивка е што сте токму на тоа место!

Пред спиење споменете си 5 нешта за кои сте благодарни што ете така испаднале како што треба и според вашите очекувања. Заблагодарете се макар и на ситници.

На крај речете големо ,,благодарам” кон животот, кон вашата околина, кон потесниот и поширокиот круг.

Сите сме со причина во овој ден. Можеби ќе се сретнеме и можеби ќе треба да се сретниме за да се разделиме и да научиме нешто, а потоа… Потоа едноставно треба да бидеме благодарни за нашата средба.

Молитвата не е барање, молитвата е пред се благодарност. Ништо не би ве чинело ако пробате да делувате токму вака. Ќе видите дека благодарноста ќе роди убави чувства уште во првиот миг, а потоа како голем ,,come back”, благодарноста ќе ви возврати со конечната лото добивка:,,среќа”! И среќата повторно ќе се појави на вашата врата!

Бидете благодарни, апстрахирајте го неуспехот и не се жалете за недостатоците. Ако не можете да ја погледнете позитивната страна, само направете го овој чекор и ќе видите колку волшебно ќе ,,ви се отворат” очите, видиците, патеките! И да, ќе добиете на лото! Ако доволно сфативте што значи тоа!

СН Брокер
To Top