Новости

Психологија

Фасцинантни цитати од Боб Марли – кралот на реге музиката

Неговата музика е релаксирачка и позитивна. Кој не го знае кралот на реге музиката? Боб Марли и неговиот посебен стил, низ филозофски ставови, психолошки прашања, соништа и тврдења од негов аспект, остава зад себе цитати кои секогаш ќе послужат како животна инспирација.

* Кој си ти да судиш за животот што го живеам? Знам дека не сум совршен и не сакам да бидам, но пред да започнете да покажувате со прстот кон мене, проверете дали рацете ви се чисти.

* Големината на човекот не е во неговото богатство, туку во неговиот интегритет и способност позитивно да влијае на луѓето околу него.

* Ѓволот го напушти овој свет, затоа што знаеше дека луѓето ќе подготват пекол за себе.

* Никогаш нема да знаете колку сте силни, сè додека да бидете силни не стане единствениот избор што ќе го имате.

* Подобро е да умрете борејќи се за слобода, отколку да бидете роб до крајот на животот.

* Отворете ги очите и погледнете наоколу. Дали сте задоволни од животот што го живеете?

* Денот кога ќе престанете да се натпреварувате е денот кога ќе победите.

* Не ги игнорирајте вашите мисли. Реализирајте ги своите визии. Разбудете се и живејте.

* Некои луѓе го чувствуваат дождот. Останатите само се изводенале.

*Ако си среќен, не значи дека имаш одличен ден.

Во продолжение уживајте во звуците на неговата музика.

 

GOLD
To Top