Новости

Психологија

Што кажува облеката за вас – 8 Модни комбинации кои најдобро ја опишуваат вашата личност

Лежерна, спортска облека, ретро стил или секогаш во црно?

Велат дека облеката не го прави човек, но облеката го претставува нашиот невербален контакт со другите и со неа го оставаме првиот впечаток.

Секој од нас има различен моден вкус и право да избере како сака да изгледа. Во која од овие осум модни комбинации најмногу се пронаоѓате?

Цветни дезени

Ако сакате да носите цветни дезени, голема е веројатноста дека сте топла и нежна личност. Луѓето кои ги сакаат овие парчиња облека најчесто се опишуваат како пријатни, друштвени и пријателски расположени. Постојат дури и некои специфични теории за видовите цветни дизајни што сакаме да ги носиме.

Очигледно, оние кои сакаат мали цвеќиња се луѓе кои се радуваат на малите нешта во животот. Оние кои сакаат рози се романтични души. Во секој случај, цветните дизајни со различни бои и големини, речиси никогаш не излегуваат од мода. Тие се секогаш таму, на маици, фустани, здолништа, па дури и на чевли.

Спортски стил

 

Луѓето кои сакаат спортска облека најмногу ја ценат удобноста и едноставноста, па затоа не се замараат премногу со туѓите мислења. Ако најмногу ви се допаѓа овој стил, веројатно сте тимски играч кој е многу лојален на оние што ги сака.

Освен тоа, луѓето кои се облекуваат спортско се секогаш расположени за нови авантури, енергични се и имаат силен натпреварувачки дух.

Во црно

Боите исто така можат да кажат многу за нашата личност. Една од најпопуларните бои е црната. Малиот црн фустан е парче облека кое е секогаш во тренд. Исто така, изборот на црн костум е речиси секогаш хит.

Според истражувањето на психолозите, доколку носите црно, луѓето ќе ве доживуваат како сериозна, сигурна и самоуверена личност. Затоа велат дека црната боја е одличен избор за деловен разговор, но и за прва средба. Луѓето кои носат црно сакаат да се чувствуваат моќни, често имаат бунтовен карактер и не сакаат авторитети.

Трендсетер стил

Има луѓе кои можат да комбинираат нешто навидум некомпатибилно и да го носат со таква самодоверба што сите околу нив сакаат да носат нешто такво. Можеме да кажеме дека благодарение на нивната креативност и храброст често се пред своето време.

Тоа се луѓе кои се подготвени да ризикуваат и не им е грижа што мислат другите луѓе. Најважно им е да се задоволни од тоа како изгледаат. Не е лошо понекогаш да внимаваат што носат, бидејќи се трудат секогаш да бидат во тренд.

За љубителите на ретро стил

Дали сакате да ѕирнете во плакарот на вашата мајка или баба и да пробате некои од парчињата облека што ги носеле во младоста? Ако се препознаете во ова, веројатно сте љубител на ретро стил.

Овие луѓе со посебна носталгија се сеќаваат како порано сè беше поубаво и поромантично. Обожаваат кога нивната облека има приказна и често избираат да носат точки, макси фустани и интересни капи и украси.

Во шарено

 

Зошто да се вклопите ако можете да се истакнете?
За разлика од луѓето кои претпочитаат да носат црна облека, има и такви кои сакаат да се истакнат во својата околина. Сакаат гардероба со необичен крој и боја со која сакаат да испратат порака.

Тоа се духовити луѓе кои знаат да се забавуваат и немаат проблем да бидат во центарот на вниманието. Доколку и вие сакате да бидете главни на секоја забава, почестете се со вакво парче облека. Разбудете ги добрите вибрации.

Кежуал

Кежуал стилот е за оние кои знаат што сакаат.

Омилени парчиња облека на некои луѓе се фармерките, маичките и патиките. Не е лошо во вашиот плакар да имате неколку такви комбинации со кои можеме да одите секаде, и на кафе со пријателите, на работа или на училиште.

Луѓето ги доживуваат како луѓе кои стојат цврсто на земја и знаат што сакаат. Доколку сте се препознале во овој стил на облекување, оваа зима пронајдете си пар фармерки кои секојдневно ќе ги комбинирате со она што веќе го имате во вашата гардероба.

Oversize е вистинскиот избор за вас

Доколку сте љубител на удобни предимензионитани кошули, широки маички со длабоки џебови и широки дуксери, тогаш сигурно припаѓате на типот на луѓе кои удобноста ја ставаат на прво место.

Тие обично се водат од разумот и нивните пријатели знаат дека секогаш можат да очекуваат од нив да добијат корисен и искрен совет.

Евротип
SNBROKER
To Top