Новости

Психологија

Направете го овој јапонски тест кој ќе ви открие која тајна ја крие вашата потсвест и што треба да направите со вашиот живот?

Oдговорете спонтано, запишете го првото нешто што ќе ви падне на ум и конечно прочитајте што вели секој ваш избор на ова замислено патување за вас. Потсвеста е чудесна работа, но недоволно истражена. Психолошки тестови како овој, ни помагаат да дознаеме повеќе за нас самите.

– Замислете си дека шетате во шума со некоја личост. Која е таа?

– По извесно време, гледате животно. Кое животно е тоа? Што правите со него? Каков е вашиот однос?

– Продолжувате да шетате низ шумата, сè подлабоко навлегувате во неа. Одеднаш се наоѓате во напуштен лавиринт. Која е големината? Колку се високи ѕидовите на лавиринтот?

– Одлучувате да влезете во лавиринтот, но лицето што е со вас ве советува да не влегувате. Сепак, влегувате сами. Во центарот на лавиринтот наоѓате чаша. Од кој материјал е направена? Што ќе правите со неа?

– На крајот, поминувате низ лавиринтот и стигнувате до излезот. Која од овие изјави најдобро го опишува вашето искуство на шетање низ лавиринтот:

1. Ова беше многу лесно. Брзо најдов излез.

2. Ми требаше време да го пребродам тоа, но не беше страшно.

3. Се изгубив и за момент помислив дека никогаш нема да излезам.

4. Лицето со кое бев во шумата ме пронајде и ми го покажа патот. Инаку можеби сè уште ќе бев внатре.

 

Дали ги запишавте сите одговори? Сега, прочитајте што тие значат:

Личноста со која шетате во шумата е најважната личност во вашиот живот.

– Големината на животното со кое се соочувате ја претставува вашата перцепција за големината на проблемите со кои се соочувате во животот. И начинот на кој се однесувате кон неа зборува за тоа како ги третирате животните проблеми. Дали бевте пасивни или избравте да се борите со животното?

– Патеките и кривините во лавиринтот, го претставуваат патот што ќе го одберете за себе во животот. Кога сме тинејџери, најлесно ни е да се чувствуваме изгубени и збунети … во сите тие ќорсокаци и погрешни пресврти. Вашето искуство со лавиринтот зборува за начинот на кој ги паметите годините што ве одведоа во зрелоста.

– Висината на ѕидовите на лавиринтот зборува за висината на вашата амбиција и колку сте подготвени да ги решите предизвиците со кои се соочувате. Ниските ѕидови сведочат за вашата отворена личност. Сакате да ширите познанства и пријателите се добредојдени во секој момент во вашиот дом. Високите камени sидови зборуваат за затворена личност. Сакате да бидете сами и не сакате вашите гости да доаѓаат ненајавени.

– Трајноста на материјалот од кој е направено чашата ја претставува вашата перцепција за издржливоста на односот со лицето со кое сте дошле во шумата. Ако чашата е пластична, вашата врска трае кратко. Ако стаклото е направено од метал, вашата врска е трајна и може да се потпрете на таа личност. Стаклената чаша зборува за кревкоста и кршливоста на вашата врска.

– Она што го сторивте со чашата, го претставува вашиот однос кон личноста со која ја започнавте прошетката. Ако ја оставите, се чувствувате далеку од таа личност. Ако ја земете, сакате да бидете блиски со таа личност.

Вашиот избор за тоа како излеговте од лавиринтот:

1. “Ова беше многу лесно. Брзо најдов излез”.

Иако многу луѓе ги гледаат своите тинејџерски години како стресен и конфузен период, тоа беше вистинска забава за вас. Не ви пречеле тие години и потргата по вистинскиот пат, ниту ве оптеретувал притисокот од врсниците. Било многу забавно за вас. Тоа, сепак, може да значи дека тестот за реалниот живот е пред вас.

2. „Ми требаше време да го пребродам тоа, но не беше страшно“.

Деновите на училиште не беа лесни за вас. Како и повеќето млади луѓе, веројатно сте поминале многу ноќи грижејќи се за љубовта, пријателството и иднината. Тоа искуство ви помогна да станете личноста која сте денес, а лекциите што ги научивте ви помагаат во тешките времиња и ден денес.

3. „Се изгубив и за момент помислив дека никогаш нема да излезам“.

Иако сите имаа тешки години кога растеле, вашите животни грижи сте ги довеле до крајност. Постојано се двоумите околу решавањето на проблемите и се измачувавте со сомнежи. Тоа веројатно се објансува со сериозноста и длабочината на вашиот карактер. Сега е време да се опуштите и да уживате во животот. Вие го заслуживте тоа.

4. “Лицето со кое шетав во шумата, ме најде и ми го покажа патот. Инаку можеби сè уште ќе бев внатре”.

Причината за задоволство во сегашниот живот лежи во пријателите што сте ги стекнале и односите што сте ги формирале во младоста. Како и сите, и вие сте се грижеле, но секогаш имало некој зад вас, кому сте можеле да му се обратите кога ви било тешко. Бидете благодарни за среќата што сте ја имале досега. Но, сега е време да ја вратите услугата и да им помогнете на другите на кои им е потребна.

GOLD
To Top