Новости

Психологија

Љубовта е чудна – Некои луѓе едноставно ги сакаме, а не знаеме дали заслужуваат и не знаеме зошто!

На некои луѓе им е лесно. Не знаат за обврски или не дека не знаат, ами не сакаат. И навистина им е лесно и баш нив би ги нарекле луѓе со стил. Зошто? Затоа што сите од нас ги навикнале на нивната ,,орбита”, на нивната неодговорност.

…И се така, поединците наоколу се откажуваат од борбата да променат нешто кај нив. Затоа што јасно и гласно велат:,,Или ме сакаш ваков/а или не!”

Тука не постои нешто што се вика меѓу редови, нема тука мисловни гимнастики. Тие се јасни во нивните уверувања, а дали вие ќе се согласите на нивната игра, тоа е ваше. Најинтригантното е што ваквите луѓе секогаш се успешни. А кога зборуваме за успех, овој пат мислиме на кругот на пријатели. Секогаш имаат луѓе околу нив кои повеќе од веројатно си констатирале:,,Ок, не се одговорни личности, но имаат и добри страни!”

И се така се лажат другиве, а овие неодговорниве успеваат со виолината в раце секое лето додека мравките бараат храна. Но, успеваат и во зима. Та со нивните ,,добри” страни и феик насмевки и извинување, предизвикуваат сожалување кај останатите и сепак вратата на мрзеливиот штурец кај вредните мравки им е отворена и во зима.

Луѓе со стил нема што! Луѓе со јасен став од кого не се откажуваат. Само останува купот од прашања како успеваме да ги сакаме и со што тие го заслужуваат нашето внимание?! Има нешто…Или е до нас или е до нив! Но, ги сакаме! Љубовта е чудна!

Евротип
Евротип
To Top