Новости

Психологија

Љубомора, завист, прекор! Што да правите кога сте на „работ на нервите“ со вашиот партнер? – Руски психолог со добро објаснување

Михаил Литвак е еден од најголемите експерти во својата област, а неговите совети, иако некогаш контроверзни, се широко прифатени низ целиот свет.

Литвак, меѓу другото, неодамна го кажа своето мислење за тоа како треба да функционираат партнерствата, односно како да избегнете постојано досадување и љубомора и што да правите кога сте на „работ на нервите“.

Можеби ќе ви биде корисен овој совет:

Не терајте го партнерот да се правда, туку барајте го тоа што ви треба. Не прашувајте зошто (доцни, не дојде, не го направи тоа, итн.), туку кажете: ,,Те молам дојди на време следниот пат; Направи го тоа!” итн. Не ја терајте личноста да ви се правда, дури и ако таа е виновна за нешто.

Едноставно правило и за мажите и за жените

– Ова правило е искрено тешко да се исполни, особено во љубовните врски, па затоа давам мало појаснување. – вели рускиот психолог. – Кога ќе ме прашаат како би сакал да се однесуваат со мене, јас одговарам: „Како закоравен ентузијаст за автомобили кон својата кола или како добар земјоделец што му се обраќа на својата крава“.

Кога кравата ќе почне да произведува помалку млеко или кога автомобилот ќе почне да се расипува, тогаш нивните сопственици не врескаат и не ги караат своите миленици, туку се обидуваат да ја откријат причината за намалувањето на приносот на млеко или причината за откажување на моторот.

Да не се лажеме, реално ќе признаеме дека на еден начин, комуницираме со друга личност само затоа што таа ги исполнува нашите потреби. Оваа позиција се заснова на темелите на нашата комуникација. Се разбира, за возврат, ние сме подготвени да одговориме на потребите на нашите партнери.

Но, сега да се фокусираме на себе. Замислете дека сте гладни. Поминува час, два, дури три, па и ден. И одеднаш се појавува леб пред вас. Што му велите на тој леб: „Каде си цел ден?!“ Не, веројатно ќе се обидете набрзина да го изедите, а кога тој би можел да зборува и да ве сфати, би му рекле: „Толку се грижев за тебе! На крајот на краиштата, можеше да се случи другите да те изедат, благодарам што дојде кај мене.”

Зошто не ѝ го кажете ова на вашиот сакан/а, ако се задржи некаде и задоцни.

Немојте веднаш со критики и осудувања. Пробајте, наместо тоа да го прегрните, пофалите, бакнете. Навистина, за разлика од лебот, кој тој само ви ,,дава” и го задоволува апетитот, додека ништо не му се дава за возврат, можете да му дадете нешто на саканата личност. – констатира психологот, а потоа наведе еден успешен пример за примена на неговиот совет:

– Една жена успешно го искористи ова правило. Нејзиниот сопруг си доаѓал дома доста доцна, понекогаш во 2, 3 часот после полноќ. Жената се сомневала на неверство и афера, па била подготвена за скандал, но решила да го примени овој мој совет. Кога сопругот ќе дојдел толку доцна, таа со задоволство ќе го прегрнела, бакнела, заблагодарила. Десет дена подоцна, тој почнал да пристигнува на време. Правилото важи и за мажите. Можеби и повеќе. Тие се повеќе љубоморни.

Евротип
SNBROKER
To Top