Новости

Психологија

Неповторливиот Ѓорѓе Балашевиќ: „И кога некогаш ќе решам да заминам, ќе си недостигам самиот себе онаков каков што ти ме правеше да бидам!“

Ех, големиот Балашевиќ. Не напушти и ова големо име! Присуството на оваа уметничка душа и фактот дека таков човек беше со нас под ова исто небо, ни даваше некоја чудесна топлина, љубов над љубовта, некоја сентименталност апстрахирана од злото во светот, некоја еуфорија, среќа, тага, некој еликсир од многу емоции насобрани во едно…Фактот дека и таму некаде постоеше уште еден човек кој живее во овој филм… како нас… Но, повеќе не е истиот филм. Повеќе го нема Балашевиќ да ја игра неговата улога во оваа приказна на земјата.

Но, можеби тој не напушти, но не и неговите песни, неговите емотивни цитати и мудри мисли. Одбравме само неколку кои ние ги помниме и ги носиме со себе како џебен прирачник од грандиозниот и маестрален, еден и единствен Ѓорѓе Балашевиќ.

„Еден ден ќе застанете некаде на сред улица, ќе погледнете во небото и ќе сфатите зошто сè се случи така. Ќе земете длабок здив, ќе направите храбри чекори, и конечно ќе сфатите дека животот е краток за да бидете несреќен “.

„Така обично се случува тоа, најпрво му опростуваш некому нешто, а потоа си опростуваш себе се што си му опростил нему !“

„…И нека небото не ми го земе тоа за зло, но единствено неа му се молам!“

„Таа случајно се омажи на 18 Мај 1980. Да се омажеше за мене, веројатно ќе го заборавав овој датум. Сега го паметам цел живот.“

„Само бедно е пријателството кое останува како ситен кусур од крупните љубовни банктноти!“

„И кога некогаш ќе решам да заминам, нема да ми недостига ниту твојата насмевка, ниту гласот, ниту погледот. Нема ниту ти да ми недостигаш. Ќе си недостигам самиот себе онаков каков што ти ме правеше да бидам.“

Да го испратиме со неговите стихови, со неговите извонредни мисли кои долго ќе ги паметиме. Збогум голем човеку!

 

GOLD
To Top