Новости

Психологија

4 РЕЧЕНИЦИ КОИ НЕ СМЕЕТЕ ДА ИМ ГИ КАЖЕТЕ НА НЕКОЈ КОЈ СЕ БОРИ СО АНКСИОЗНОСТ

Анксиозноста е се почесто пореметување на менталното здравје, но многумина не се ни свесни дека се соочуваат со неа. Таа може да се влоше, но може и да се подобри само доколку сте свесни дека ја чувствувате.

Оние кои не поминале низ ваквиот процес, не би знаеле што е тоа, но затоа ако се сомневате или знаете дека некој ваш пријател има акнсизност, најдобро е да го утешите, но не со со следните зборови:

1.СМИРИ СЕ

Иако вашите намери со оваа реченица се добри, во никој случај нема да ја утешите анксиозноста на личноста на која треба да и помогнете. Анксионзните луѓе знаат дека треба да се смират, но не знаат како, а вие со тоа што им повторувате да го ннаправат тоа само вршите дополнитеен притисок и ја зголемувате тензичноста без да понудите конкретно решение: како? Меѓу другото, ќе изгледа како да осудувате.

Наместо овие два збора, можете да ја понудите вашата поддршка со следните реченици

“Тука сум за тебе!”,

„Слушам, ако имаш нешто да споделиш!“,

„Ќе останам со тебе ако нешто ти значи!“

614-00391019
Model Release: Yes
Property Release: No
Couple talking

2. „БИДИ ПРИСУТЕН ТУКА“

Многу луѓе со анксиозност се грижат за работи кои дури и не се случиле, но може да се случат во одреден момент во иднината, па затоа советот да се биде посвесен за сегашноста може да биде контрапродуктивен.

Наместо тоа:

Прашајте ги што ги мачи во моментот и ако наведат неколку работи, побарајте кој е најголемиот извор на стрес и грижа. Потоа потрудете се да им помогнете да ги намалат грижите за ситуацијата, но не се обидувајте да ги решите сите одеднаш.

Ако личноста сака, можете заедно да вежбате како да останете во моментот, со фокусирање на некој предмет во непосредната околина и опишување како тие го доживуваат. Покрај тоа, можете да вежбате визуелизација со затворање на очите и длабоко дишење, а притоа потсетувајте ги на среќен спомен или место каде што се чувствуваат смирени и опуштени.

3. „НЕ РАЗМИСЛУВАЈ ПРЕМНОГУ!“

Ова е уште една реченица која генерално нема позитивен ефект, но обично ја влошува постоечката состојба. Луѓето со анксиозност често се свесни дека премногу се грижат, но не можат да ги контролираат своите реакции, особено среде напад на паника, кога треба да им пристапите со крајна претпазливост.

Наместо тоа

Слушајте што ги загрижува и немојте веднаш да нудите решенија, туку кажете една од следните реченици:

„Гледам дека не ти е лесно“,

„Ти си безбеден“,

„Тука сум да ти помогнам да го пребродиш ова.“

4. „ГРИЖАТА НЕМА ДА ПРОМЕНИ НИШТО“

Првиот инстинкт кога некој страда е да му помогнете, но анксиозноста не е лесно решение бидејќи честопати бара фокусирање на најлошото сценарио. Ако му кажеме на некого со вознемиреност дека неговите мисли не се продуктивни или непотребни, тоа би ги негирало неговите чувства и би можеле да се чувствуваме уште повеќе во паника од порано.

Наместо тоа

Разбирањето, емпатијата и трпението се клучните зборови во вакви ситуации и единствените кои можат да помогнат. Луѓето со анксиозност треба да се потсетат дека е во ред да се грижат за себе, но и да ги потсетуваат на минатите успеси и ситуации во кои го надминале стресот и напнатоста. Можете исто така да кажете:

„Дали сакаш да направиме нешто за да ти ги тргнеме мислите од се?“

„Како можам да ти помогнам сега?“

„Ајде заедно да најдеме начин низ сето ова.“

ИЗВОР

Евротип
SNBROKER
To Top