Новости

Психологија

5 Едноставни совети како лесно да се справите со „паничен напад“

Паничниот напад може да му се случи на секому, тоа не е ништо друго освен зголмување или предимензионирање на стравот. Преведно, би значело страв од самиот страв.

Еве неколку совети како лесно да се справите со паничен напад.

1.Останете на местото каде што сте – останете точно онаму каде се случува моменталниот нпад на паника. На пример ако возите, подобро е да застанете и да го паркирате вашиот автомобил. Побезбедно е да почекате сето тоа да помине отколку да си го ризикувате животот. Сепак, ова направете го доколку е тоа возможно.

2. Дефукусуирајте го проблемот. Најлесниот начин е да ставите коцка лед во устата или парче лимон. – Звучи бизарно, но верувајте делува. Зошто? Затоа што ќе ви помогне да го дефукусирате проблемот или вниманието да го тргнете кон нешто друго. Лимонот има интензивен кисел вкус, а коцката лед на пример че го натера вашиот мозок да се концентрирате на ледот и студенилото. П.С. Ова би не потсетило на една сцена од филм. Се сеќавате ли на „Mr. Been Holliday“ и на моментот кога нему очајно му требаше сон, а не смееше да заспие бидејќи возеше автомобил? Тој ја изваде запалката и пробуваше да го изгори прстот, само за да се дефокусира и да се расони. Смешно, но некако има логика во погоре наведениот контекст.

3. Бројте се што ќе погледнете пред вас. – И ова е испробана тактика, која во многу случаи делува. Сепак звучи нелогично, но може да ја пружи потребната помош во смисла на конкентрацијата која ја насочувате кон нешто сосема друго.

4. Фокусирајте се на дишењето

Нападот на паника предизвикува забрзано дишење и вртоглавици. Затоа треба да се коннцентрирате кон бавното и длабоко дишење.

5. Повторувајте си некоја мантра која вели дека се ќе биде добро и ова брзо ќе помине. Позитивната афирмација ќе го намали нивото на стрес и голема е веројатноста да го прекине стравот кој интензивно го чувствувате.

GOLD
To Top