Новости

Психологија

5 Типични совети и мисли кои всушност можат да не спречат на патот кон успехот

Колку и да звучат добро, постојат фрази кои несвесно или свесно му дозволуваме на нашиот ум, да ги користи како мантри. Но, дали сме сигурни дека тие ни гарантираат успех?

Ова се најчестите верувања кои стојат на патот на нашиот успех и среќа.

1. Морам да работам напорно за да бидам успешен во мојот бизнис

Луѓето често си наметнуваат нереални очекувања кога е работата во прашање. Ова обично се должи на шаблоните на кои бевме изложени како деца. Децата во чии родителски дом не се препознавало ништо освен одлични оценки во текот на нивниот живот, имаат притисок да го продолжат тоа, кога се работи за работа, семејство, деца. Сепак, тоа не е точно.

Наместо тоа, кажете си: ,,Луѓето ќе ме ценат ако ги препознаам и разберам ситуациите во кои грешам. Сите грешиме. Можеби во тој момент ќе се чувствувам непријатно, можеби ќе бидам лут на себе. Сепак, Не мора да бидам совршен за да бидам успешен. Се стремам да бидам одличен, но не и совршен. Никој не е совршен!“

2. Семејството и пријателите ми посакуваат се најдобро – морам да ги слушам нивните совети

Колку и да сме блиски со семејството или пријателите, тие
тие не поминале низ исти ситуации како нас. Колку и да не познаваат добро, не можат да знаат како се чувствуваме во одреден момент. Тоа е една од причините зошто не мораме безусловно да ги слушаме нивните совети, пишува Zadovoljna.hr

Наместо тоа, можеме да си кажеме: ,,Не е секогаш можно, а и нужно да им угодам на сите. Важно е да се чувствувам добро кога ќе донесам одлука. Ако направам грешка, тоа ќе ме наведе да научам нешто ново”.

3. Големата заработка ќе ме направи среќен

Колку и да звучи оваа реченица како фраза, парите навистина не се мерка за среќа. Многубројните истражувања кои се направени на победниците на игрите на среќа покажаа едно – парите не им купија среќа.

Наместо тоа, кажете: „Важно е да се има финансиска сигурност и затоа се стремам кон тоа. Со пари може да се купи удобност, но не и среќа. За среќата е потребна работа во некои други области од животот“.

4. Никогаш нема да бидам доволно добар

Со оглед на брзината на промените што ни се случуваат во текот на животот, често нè мачи чувството дека никогаш нема да можеме да бидеме доволно добри. Никогаш не можеме да го видиме крајот на учењето, како на работното поле, така и во приватниот живот.

Мора постојано да се подобруваме, да стекнуваме нови знаења и вештини. Работата на себе никогаш не престанува и тоа често предизвикува чувство на страв кај луѓето.

Така можеме да си кажеме: ,,Можам да се плашам од неуспех, можам да ја почувствувам возбудата од учењето и ширењето на моето знаење и вештини. Сепак, најважна е главната цел, морам да соберам храброст и да го правам она што е добро за мене, иако понекогаш се плашам“.

5. Секогаш треба да чувам се за себе

Најлесен начин да се скршите ментално е да ги задржите емоциите за себе. Без разлика дали сте лути, повредени, тажни поради загуба или преоптоварени со обврски, важно е да го споделите тоа со некого.

Кажете си: „Сите емоции што ги чувствувам се сосема нормални. Имам право да кажам пред другите што ме мачи“.

Извор: DDL.RS

Евротип
SNBROKER
To Top